Ако сте правеле приватно нема потреба од чекање 6 месеци, можеш веднаш да си поднесеш и откако ќе добиеш ваучерот имаш рок да го искористиш во следните 6 месеци. Консултирај се со леакрот колку време треба да помине од спонтаниот за да пробате пак, обично убаво е да се направи пауза од барем 3 мци за да си дојде телото и хормоните на свое.
Официјално, потврдено и преку крв, моето второ ивф, а прв трансфер (2 тридневни ембриони), е неуспешно. Не знам што понатаму. Намалена резерва и ендометриоза е дијагнозата, нема ниту квалитет, ниту квантитет на јајце клетките. Првиот пат извадивме 3(две оплодени ниедна бласто), овојпат '(две оплодени,замрзнати на 3 ден). Барам најискрен совет и мислење, пред се за експерт кој би се позанимавал директно со ендометриозава, зошто од последнава постапка си добив и нова циста .Дали мислите дека можам да си дозволам да чекам за ваучер 6 месеци, или времето ќе ме изгази? Знам дека одлуката на крај е моја, но тука има премногу искусни членки, и сакам да слушнам некој утешителен збор, зошо во моментов изгледа се безнадежно. И покрај добрата суплементација, режим со антиинфламаторна исхрана, вежбање, квалитетот на моите јк е ужасен...Не знам што друго би направила...
Здраво, кај мене слична ситуација, 5 неуспешни ивф, ендометриоза еднаш оперирана повторно се врати, во среда правам уште една лапараскопија. Амх низок, на пункции едвај 3 јајце клетки ако извадат. На совет на Гуржанова уплатив за донирани јајце клетки, мислам дека треба да ја размислиш таа опција. Не знам колку години имаш и колку време се обидувате, ако си помлада пробај повторно со твои, можеби прво да ја оперираш цистата. Јас изгубив 8 години обидувајќи се со мои затоа решив со донирани
Пробај повторно со твои, помлада си ти. Мој совет одете на колекционирање, неколку циклуси по ред пункции и замрзнување да соберете повеќе јк па трансфер. Корегирај исхрана ако можеш, барем глутен да исфрлиш колку можеш зошто не реагира добро ендометриозата. Мислам дека би имала успех и со твои. Кај кој доктор си?
Не можам да најдам во моментов зошто е голема темава а сакав да ти посочам имаше членка со ендрометриоза што отиде во Солун на консултации и од таму доби насоки да не се оперира, тука кажа дека е задоволна од пристапот и добила сосема различни насоки од тие што ги добила од докторите тука. Евентуално да видиш со клиниките во Солун ско си во можност се разбира.
Јас бев таа членка, ама сепак решив да се оперирам, не ми се ризикува да правам трансфер да биде неуспешен па да ми речат оперирај се и да изгубам многу време. Вака додека чекам јк ќе правам лапараскопија