Леле,како себе да се читам. Буквално до 16-та недела бел ден не видов.Се убив од повраќање.Исто легенче си чував до мене,зошто имаше денови до вц ,неможев да стасам.После 16 -та преку ноќ ми поминаа.Страшно беше .Толку бев исцрпена и малаксана,само си велев кога ќе поминат.
Здраво девојки, ми се ближи трансферот па сакав да ве прашам на денот на трансферот кога треба да одиме освен со полна бешика така ми рече сестрата, дали да јадеме нешто пред трансфер или треба гладни да сме? Не стигнав да прашам тоа.
Најискрен мој совет за трансфер подобро е да е на гладно кај полна бешика едвај трпиш па уште и полн желудник. Полесно е и на самиот процес течност само. После трансферот поручекот е највкусен
Не се мачи, ако си како мене, пак ќе се наполни за брзо. Јас сум одела до тоалет и веднаш пред трансфер, не можам да издржувам многу. Со среќа
Мене ми рекоја саат и пол пред трансфер да почнам со течности. Така направив со првото и бешиката ќе ми експлодираше почнав да се препотувам дури. Сега овој пат почнав пред 1час да пијам и пак полна ми беше и јас сум мочла. Кога ќе легнам на кревет од самата мисла ми се примочува а не да испијам 1,5л течност
@p.ilievska и ја сум мочла голема не знаев само дали да јадам пред или само течности. Ма да ми имаат речено на лекар се оди гладна Се надевам дека ќе помине како што треба.
Даа и плус со ехо гледаат на стомак притискаат уште полн стомак фали. Со стеќа опуштисе колку што можиш на трансфер и ќе биде успешно
Исто и мене самата помисла дека ќе ме чепкаат доле ме тера да ми се моча. Ехо немам правено на полна бешика од времето кога не сите имаа вагинално.
Мој совет подобро гладна а и бешиката не многу полна за да не можеш да издржиш сепак и после тоа треба да се лежи како саат време мислам дека беше или два јас на првиот трансвер бев со скрос празна бешика само што бев во вц и докторот ме викна успешен ми беше сега за втор пак исто
@Bebce ❤️❤️❤️ па да и сестрата така ми рече полна да е, само не преполна, да не пијам со сила ако не ми се пие толку многу. Не ја сфатив само за јадењето, малку бев расеана. Ти благодарам
Aj некоја што била со долг протокол, да ми подобјасни како иде, сега пијам циклопрогинова на 18 ден од циклус ке одиме да ме види и да видиме дали официјално може да стартуваме.После што следи? Со се што пијам не знам глава кај ми е.. ама ај за убаво е. Си напраив табела иначе нема шанси сигурно ќе заборавам нешто. Со што се почнува на 21 ден? Кога почнуваат стимулациите? Кога да очекувам пункција и слично.
Обично долг протокол е вака : Сега си почнала со циклото и ќе одиш на 18 ден да те види. Ако е све во ред од 21 ден ќе почнеш со боцкање триптофем или супрефакт и ќе чекаш циклус кој обично си е нормално редовен. И после почнуваш со боцкање ја стимулации . Некогаш се почнува од 2 ден ,некогаш покасно . Но не после 5 ден од циклус . Тие денови од коа ќе почнеш со стимулации ќе одиш на преглед редовно, обично на 2 дена. И ќе види докторот кога ќе закаже пункција. Од 11-14 ден од циклус му доаѓа од прилика обично пункцијата. И после следи оплодување нели , на денот на твојата пункција маж ти ќе треба да остави материјал. Трансферот би бил од 2-5 ден од пункцијата, зависи нели дали ќе одлучат да ти враќаат дво,тридневни или бласто ембриони . Ова е одприлика генерално како иде постапката, нормално секогаш има некое отстапување . Ама еве чисто да знаеш што те очекува ти пишав најосновни работи . Со среќа