Знам Гак дека работи лабораторијата и сабота и недела ама за испитување хормони. За бета не знам дали испитуваат за време на викенд.
Знам Гак дека работи лабораторијата и сабота и недела ама за испитување хормони. За бета не знам дали испитуваат за време на викенд.
Здраво, јас испитував на гак и од таму си ги земав резултатите. Десно од шалтерот за наплата, голема врата позади лифтовите
Јас лани правев прв пат така беше на втор ден ехо и терапија,сега пак така мислам да се јавам прв ден кога ќе добијам да ми закажат за утредента. Мислев нешто да не имаат сменето да закажуваш порано или слично. Фала ти.
Пред да дознаам дека сум трудна кашкавал сега не можам да го смислам. После што како ќе видев по маркет на пример јагоди секој ден како да не сум видела, па видов цреши, па праски од нив повраќав така да више нема да ги пробам, сега сум луда по лубеница. Јас сум прилично лакома сега, не сум таква иначе, не јадам се, е сега ми се јаде се што не сум јадела а работи што сум ги јадела не можам да ги смислам. Ќе ти варираат желбите. Јас се надевам дека ќе ми се намали ова лакомоста за храна зошто ќе се направам 100 кила со вакво јадење.
Здраво би сакал да прашам дали некој имал искуство со Mon bebe centarot со Др. Славјанка Ви благодарам
Јас имам правено инвитро кај др.Славјанка, и денес сум на преглед кај неа за следна постапка. Супер е докторката.
Здраво. Ние собираме документи за инвитро, матичната ми рече дека по ново они електронски ги пуштале документите до фонд. Правев хсг проодни туби но се јавува преграда на матката. Закажав кај др. Трајкоски од таму ми рекоја дека уште понеделник е на работа, после оди на одмор.
Електронски за ваучер? Може ако е тоа од денес или вчера нешто ново. Пред 2 недели отприлика поднесов, сама си ги однесов кај Црвен крст во тие канцеларии. Ти рекоа дека мора да ја оперираш преградата? Зошто има и мали септуми што не пречат, од Фзо не прават проблем за тие.
Не знам искрено прв пат давам документи така ми кажа матичниот гиниколог дека сега по ново они електронски аплицирале. А за преградата е горе високо на извештајот пишува утерус со подлабок субсептум централна позиција. Матичната ми рече да се консултирам со др. Трајкоски дали ке смета или не.
Мислам дека Трајковски ќе рече да се оперира, ако ништо друго дијагностичка хистероскопија пред да започнеш со процедура. Можеш и да се јавиш кај сестрите да се консултираат со него ако не успееш да се видиш во понеделник. Секако немаш штета и да се отстрани септумот, си ги подобруваш условите за имплантација
Јас бев на 4-ти ден од циклус со краток протокол, лани правев прво ин витро и примав стимулации. Мислам дека се зависи од протоколот и пациетката. Откако ги направив испитувањата и го одредивме протоколот јас сум намалена резерва и машки фактор почнав од втор ден со летразол и на 4-ти бев на ехо и после следеше како растат фоликулите со терапијата.