Трајковски сигурно ќе ти каже да го средиш прво тоа, пред месец дена кај него отстранивме септум. Кога разговарав со докторот ми кажа после неуспешен трансфер препорака негова е да се прави хистероскопија доколку има нешто оперативна, а во случај да нема дијагностичка ми кажа дека матката мора да биде чиста и уредна пред да се оди на следен трансфер.
Дали ќе можеш да ми кажеш нешто плус ако не ти е тешко. Мислам дали боли препорака за доктор колку време те задржуваат во болница ... ?
Жени, ми треба мислење. Се мислиме дали да почнеме со третмани во Систина кај Лазаревски или во ЊуБорн кај Трајковски... Тие двата читам најмногу ги спомнувате, и најмногу гласови имаат овде во темата. Како сте задоволни од нив Матичната ми спомна дека сите приватни - одма натегаат да се иде на ИВФ наместо инсеменација, зошто повеќе приход носат така на клиниката, па какво е вашето искуство. Дали ако има опција за инсеменација се замараат за тоа да биде успешно?
Јас имам искуство со Њуборн со др. Трајковски и можам да кажам дека сум задоволна. Нема врска ова не држи вода од матичната докторот значи ја гледа прво твојата целосна слика и на партнерот: хормони, спермограм, ХСГ, кариотип, те гледа на ехо да види во што е проблемот и сл. и те упатува да направиш нешто дополнително доколку е потребно, па потоа кога ќе има се потребно формира мислење од сите разултати и секако според старосната граница нз ти ако имаш над 35 години сигурно нема да те упати на инсеминација претпоставувам по дифолт на ин витро. И секако има индивидуален пристап со секоја пациентка, со секој пар. Се што е во негова моќ ќе направи и за него е добро да има успех тоа е и негов успех и за болницата секако, не е дека не се замара.
Да да знам, муабетот ми беше дали може кога ќе добијам дента да се јавам да закажам па ќе ми кажат кој ден да одам ,да не треба порано мислев. И јас лани правев прв пат таму,се јавив да прашам како иде процедурата ми рекоа кога ќе добиеш првата ден јави се да ти кажеме у колку саат да дојдеш на втор ден па докторот ќе каже што понатаму.
Jас немам такво искуство со др.Трајковски искрено... Зависи каков ви е проблемот, мислам дека ќе ве советуваат сходно на тоа, а и самите вие треба да си бидете свесни (пр. ние сме со машки фактор и јас сум свесна дека со инсеминација имам скоро па 0 шанси за бременост исто како природно...) меѓутоа лекарот не ја исклучи можноста и направивме 2 инсеминации пред да поднесам документи за ваучер. Исто така напињаат испитувањата кои може да си ги направат пациентите на државно со партиципација, да ги прават на државно, затоа што се заштедуваат многу пари.
Они инсистираат на државно да се прават некои испитувања? Ако е така супер, немаме пари за фрлање по приватни болници ако тоа може да го направам на клиника за х10 поефтино. Инаку фактор кај нас сум јас, имам ендометриоза.
Да и јас на пр секогаш хормоните на државно ги правам, кариотип, Њуборн спермограмот го бараат од кај нив да биде (бар ние кога правевме така ни бараа) ХСГ-то ми препорача др. да го правам на ГАК но апаратот беше расипан и го правев кај Толовски, исто последно и хистероскопијата ми препорача да ја правам на државно, но јас сакав на своја иницијатива на приватно да ја правам, за ендокринолог исто не ме ограничи кај нив поради тоа што имаат и добар ендокринолог таму... Ништо не те пбврзува да правиш од испитувања таму.
Инсеминација на приватно е околу 18 000 денари и процентот на успешност е минимален. Мене ако ме прашуваш подобро е ивф. Но, ти најдобро знаеш за себе.
Jas ovakvo iskustvo imam so Lazaravski pozitivno,ne te tera se tamu da pravis,gi priznava site rezultati od drugi lab.mi rece moze hosteroskopija da si napravam i na klinika ako sakam...mi dade moznost i za inseminacija..(bese neuspesna)i sega sum na ivf preku vaucer i nisto dopolnitelno ne plativ.
Јас правев ивф кај Митко Ивановски во Систина, воопшто не ме убедуваше да правам. Претходно правев ХССГ кај Органџиски, бидејќи ми кажа дека било подобро, нова технологија бла бла.. за да испадне дека воопшто не го признаваат тоа во фонд и џабе го правев, а беше најболното нешто што го преживеав и додека се тресев од болка и шок ми кажа дека нема да имам деца. По неколку месеци соземање отидов кај др. Ивановски, сосема друг пристап, баш напротив сакав ивф и на приватно, меѓутоа ме советуваше да направам ново ХСГ било каде, тоа што е со ренген и дека може нема ни да има потреба од ивф. На крај сепак морав ивф, непроодни јајцеводи, успешно од прв пат, близначка бременост, ја водев кај Ивановски и веќе 4 месеци како ги имам моите две принцезички.