Ако двата ембриони се замрзнати заедно, т.е на едно стапче, тие мора заедно и да се одмрзнат па дали ќе се направи трансфер на еден или на двата тоа одлучува докторот, а доколку не се направи трансфер на двата едниот треба или пак да се замрзне или да се уништи, со тоа што никој не може да гарантира за квалитетот на ембрионот по негово одмрзнување
Ова требало да се нагласи уште на почеток пред да се замрзнат и да се замрзнат посебно. Кај другарка ти биле замрзнати заедно на исто стапче како што кажа и @@mekana погоре и затоа сега ги одмрзнале двата. Во случај на тридневни или бластоцити со не толку добар квалитет можеби требало да ризикуваат и да ги трансферираат и двете, се разбира овде постои ризик за близначка бременост но исто ризик постои и при трансфер на еден ембрион, односно тој да се подели на две. Доколку двата се фателе постои можност понатаму за ембриоредукција но тоа за некои не е опција. Во секој случај, не е фер доколку бил познат ризикот да не е убаво проследено од страна на клиниката. Затоа јас будно го следам процесот и им досаѓам додека не се осигурам дека ќе биде како што треба. Исто и кај мене има ризик од близначка бременост и барав секој еден ембрион да биде посебно замрзнат.
Mnogu mi e zhal. Znam deka ti e premnogu teshko. Celiot proces e mnogu machen i na psiha i na telo plus neizvesen. Ama nema otkazhuvanje. Samo borba i napred gledanje do pozitiven rezultat. Nema vrakjanje nazad.
Тука кажуваат дека е инвазивна техника затоа што не знаат да ја направат и ги праќаат ембрионите во странство,барем така беше во Систина кога јас барав Пгт. Кога овој муабет им го кажав во Солун на ембриологот и докторот,само бледо ме погледнаа. пгт е метода што ја препорачуваат во странство за жени со повеќе абортуси или над 40 а од методата и те како има придобивки. ако си наумила да правиш пгт оди надвор,имаат подобри кадри и ја прават на daily basis. И друго рачунај овде, ако не останеш бремена на тестиран пгт ембрион, нема да можат да манипулираат со тебе,демек стара си и не ти се добри јајце клетките.
Тука кажуваат дека е инвазивна техника затоа што не знаат да ја направат и ги праќаат ембрионите во странство,барем така беше во Систина кога јас барав Пгт. Кога овој муабет им го кажав во Солун на ембриологот и докторот,само бледо ме погледнаа. пгт е метода што ја препорачуваат во странство за жени со повеќе абортуси или над 40 а од методата и те како има придобивки. ако си наумила да правиш пгт оди надвор,имаат подобри кадри и ја прават на daily basis. И друго рачунај овде, ако не останеш бремена на тестиран пгт ембрион, нема да можат да манипулираат со тебе,демек стара си и не ти се добри јајце клетките,пошо нели докторите никогаш не се криви а пациентот "мртов".
@Luna12345 Не би те советувала овде да правиш ПГД на ембриони. Сега Њу борн се рекламираат ама од моето богато ИВФ искуство во МК овде таа доверба на ниту една ИВФ болница не би им ја дала. Анализите секао ги праќаат во стренство ама битна е изведбата. Методот е инвазивен за ембрионот не се исклучува можноста да истиот се повреди. Премногу е лично ова , целиот процес знаеме колку е скап и колку се цедиме како физички и психички исто и финансиски. Ако си во можност ти го препорачувам Солун . Ако добро ме држи сеќавање беше некако 500 еур на еден ембион а на останатите по 200 еур и требаат најмалку 4 или 5 ембриона. Мада за оваа информација не сум нај сигурна дека ти кажувам точно.
Прашање до тие што имаат приватно здравствено осигурување. Дали дополнителните трошоци за терапија кои се надвор од ваучерот, како и замрзнувањето ј.к. или ембриони, е покриено со приватното осигурување?
Milsam deka niedno privatno ne pokrova nisto sto e povrzano so inv nitu terapija nitu samata postapka imam prasuvamo vo poveke i vo ova jas sto sum osigurana ne pokrova nisto sto e povezano so inv
Ништо не покрива си пишува на самите договори за осигурување. Освен ако немаш некое ептен премиум осигурување. Треба да си прочиташ