Феминки здраво Дали некоја има успешно ивф со дијагноза Астенотератозооспермија? 10 години се обидуваме 6 сме по болници имам 37год. ама немам нерви вејќе. Ова ми е трето ивф и 2 трансфери со замрзнати, сменав 3 клиники, имам мутации сега примав клексани пред трансфер 14ден а пак нема имплантација? Што да правам следно ве молам за совет и помош
Честитки за добро завршената пункција. Би сакала да прашам дали си со ваучер од државата. Дали со ваучерите може пункција да биде еден месец, па следниот да биде трансферот?
Кај тебе освен мутациите, друго се ли е во ред? Доколку е само машки фактор зошто не пробате кај др. Таше во Плодност или веќе и таму имате пробано? Да ја искористите методата MACS, магнетно сортирање на сперматозоидите, плус ембрионите ги следат во тајмлапс инкубатор, единствено они го имат во државата.
Да ваучерот покрива една пункција и еден трансфер. И ваучерот колку што знам има рок 6 месеци да се искористи.