За позитивни ана, афа, лупус или потврдено автоимуно заболување терапијата е поинаква и може да вклучи плакенил во консултација со ревматолог. Ендометриум може да е уреден и да достига дебелина, исто брисевите вагинални/цервикални може да се чисти а да има ендометритис. Се сложувам дека е мала веројатност, дај Боже да немаш ништо од ова, но кога веќе си тргнала по овој пат и бараш совети, тие се некои работи што сме ги испитувале тие што сме го иделе истиот пат.
Фала ти , стварно се чудам самата на себе колку сега сум поопуштена за разлика од инсеминациите претходно и првото инвитро ама денес ете се боцнав пола час подоцна и почна да ме јаде црвот ама ќе го избркам од глава што биде биде не сакам да зспаднам психички како првиот пат . Со лесно и со позитивни резултати сите да излеземе од темава ♥️
Здраво, се спремам за трансфер на замрзнат ембрион, и одам на контрола вагинална.. на 10ден од добиено и голем ембрион 20мм и сега... на контролата утре сабајле ке биде веке прснат. Иии ќе се чека сл месец.. нажалост. Ендометриум 7 што не бил доволен. Ќе видиме сабајле. Мислам ќе одложи.
Не мора да значи дека ќе е пукнат, испитавте ли Lh? Може ќе одлучи докторот да даде стоп инекција. Со среќа, нека биде како што треба да биде