ЕЕЕЕЕ Вирго бас ми е мило, одлична вест, на сите им ја посакувам оваа радост одмарај се и не казувај на докторот дека си правела тест да не се налути) еве усте еден доказ дека инвитрата во лето сепак успеваат!!! поздрав
Девојки, пред два часа после одење во тоалет на хартијата гледам розов исцедок заедно со кринон гел. Се јавив во болница дежурниот доктор ми кажа било нормално, јас многу се испаничив и се исплашив затоа што претходните денови исцедокот ми беше нормално бел и чист а сега малку розов, ве молам помагајте ако знаете нешто, опасно е или не е ништо страшно , многу ми е страв...
Ако е crinone отпадокот малку обоен во некоја розево-портокалова боја, сосема е нормално, некои денови така изгледа.
И мене ми се случи истото, меѓутоа малку покасно, после утврдената бременост со близнаци и Лазаревски ми рече дека тоа се пукнати капилари од брзото ширење на матката дека биле две.
Здраво, денес бев на тест и излезе позитивен, бремена сум ,моето прво инвитро е успешно. Немам зборови да ви опишам колку сум среќна Докторот ми кажа да одмарам повеќе , да не се наведнувам многу па сакав да ме посоветувате сега што можам да работам, како на пример некои основни домашни обврски, ручек , перење, садови, се разбира без многу напор и претерување, вие што мислите ???
Честито и со лесно да си ја износиш бременоста! Секако одмарај колку што можеш, и се што можеш од домашни работи делегирај наоколу, а некои од основните секако не пречат воопшто - правење ручек е мала работа (не бирај јадења што те тераат многу долго време покрај шпорет да стоиш, за други имаш многу опции), пеглај само тоа што мораш и "на рати", не предолго време, не кревај тешко. Без вложување на напор не пречи ништо од овие активности, и секако слушај си го организмот.
Инвитрото се плаќа од 90.000-120.000ден, и плус терапијата (различно е кај сите) мене ме чинеше околу 600-700е терапијата. Значи од 2000е до 3000е би бил целиот процес. Јас го правев во Систина на приватно и вака отприлика ме чинеше.
Многу убава вест .. . Со лесно нека ти биде и ти посакувам се најубаво [/quo Фала на сите и ви посакувам на сите да успеете, само треба да верувате силно и да не се откажувате. Бидете борци и никогаш не губете надеж, Господ е голем и секогаш е со нас... Јас се надевам ќе ми биде успешна бременоста и сега веќе ќе се селам во труднички муабети поздрав за сите
Ziva globa so tie pari veke, ama aj barem se isplatese, pa za pari covek da ne zali!!! Ete kolku e blagodarna rabotata na nasite doktori, se za pari, greota za onie koi nemaat pari, ama toa e, zivotot prodolzuva!
Некаде во упатството за припрема за ИВФ во ремедика прочитав дека жената треба да нема лак на нокти. Е сега, модерно време, скоро секоја жена има правени нокти... мене ме интересира оние кои правеа ИВФ, им правеше некаков проблем гел лакот? Како постапивте по тоа прашање?
Не треба да имаш лак на ноктите, само на денот на пункцијата, кога примаш анестезија. Затоа што не дај боже ако нешто тргне лошо од анестезијата прво потемнуваат ноктите и затоа викаат без лак, за да можат да ги видат. Секогаш кога се прави нешто со анестезија ноктите мора да се чисти.
Ако излезе се како што треба не жалам ич да дадам толку пари.. на глупости фрламе пари (читај партали) а за ова и те како ќе дадам. Само ме буни некако 90-120.000 не е мала разлика. Од што зависи тоа? Во која установа ќе правиш или од нешто друго?
Мислам дека зависи од протоколот и терапијата.[/quote] Терапијата е одделно од ова (дополнителни 600-700 еур), затоа и ме збуни од каде оваа разлика
Здраво ве читав и некако се збунив со цените за инвитро овие цени ви се на приватно? Јас барам информации за преку фондот
Да, да - јас прашав колку е на приватно, без фонд. Ако исполнуваш услови за преку фонд ќе те чини само 6,000 партиципација + ако ја надминеш терапијата што е пропишана од фондот. Среќно!