Мене од стимулациите исто ми се покачи тсх, ми кажа др тоа е честа појава. Пред да почнам било што си бев на ендокринолог со рез. од хормоните и ми даде терапија и еве една год веќе сум на еутирокс и кратко бев на сиофор ради инсулинот.
Да.После инсеминација докторот ми имаше кажано спиј на лева страна.Сега ништо не ми потенцира,ама пошо обожавам да спијам на стомак прашав тука. Еве две вечери после трансфер спијам на лева страна со перници и фротирки меѓу нозе
Пред да правам тест имав кафеав исцедок исто како пред добивање, си реков готово ми дојде, се изнервирав и си легнав на стомак дека и јас само на стомак спијам. Еве ги две девојчиња до мене, 6 месеци здрави и прави Така да нема правило за ништо
Здраво, јас пак да прашам за тестирање на НК клетки преку ендометриум...Прашав во Систина, ми рекоа само од крв тестираат, во Њуборн не прават, па ако имате информација дали било каде кај нас се прави тест за НК клетки преку биопсија на ендометриум,би ви била благодарна ептен.
Јас во Ремедика планирав да прашувам за Нк клетки преку биопсија. Мислам членка кажа дека во Ремедика има правено. На нивниот сајт стои дека имаат таква опција.
Дали за втор ваучер треба да се достави документот "Потврда за користени здравствени услуго БПО" кој го поплнува фондот? Во потребна документација го пишува, но кога појдов во Фонд да го поплнат ми рекоа не треба...
Не сум сигурна, зависи ординацијата, не е некоја комплицирана процедура, земаат со тенок катетар и после префрлаат во некоја течност - медиум. Прашај.