Дали некоја членка правела ERA тест ( тест кога е најдобро да се изврши ембриотрансфер ), каде и колку чини ?
Девојкии, само што ми се јавија од Солун дека со донор јајце клетки сум добила 4 ембриони бластоцисти! Ова е преубава вест за мене бидејќи до сега оваа бројка со мои јајце клетки не сум ја добила никогаш. Големо изненадување беше и што ги добивме порано од очекуваното, некои 3 месеци само чекавме. Се надевам сега конечно ќе имам успех
Какви испитувања би ми препорачале после неуспешно инвитро? Фоликулите празни, само една јајце клетка, и таа се развиваше лошо, како што ми објаснија имало хромозоми плус (ако разбрав добро), па нема да има имплантација или би резултирало со ран спонтан абортус... Секако ќе се консултирам и со докторот, но би сакала да знам..
Девојки, ве молам на информација вие што сега периодов сте добиле ваучер колку време го чекавте и дали на емаил ве известија? Јас поднесов документи за прв ваучер пред 3 недели, оваа е веке 4та недела како тера и уште немам ништо на маил добиено. Ви благодарам
Пред 3 месеци добив одговор за 2 недели на маил со прикачен ваучер. Можеби се по одмори па побавно оди. Јави се, прашај. Има броеви на страната.
На која возраст си @Шашава ? Колку фолекули имаше за пунктирање, меревте ли хормони, Е2 колку ти беше на денот на стоп инекција? Какви ти се FSH и амх? Се обидувам да разберам зошто таков исход...