Девојки, дали функционира електронското поднесување на документи за ваучер или сеуште не? Не можам да најдам информации за ова на сајтот на фзом. Како поднесувавте вие што го добивте ваучерот на мејл?
Девојки некоја што е кај д-р. Ивановски во Систина да ми каже како се со одмори дали е тука докторот, сестра Сашка? планирам да закажувам преглед па да знам да се организирам.
Јас бев пред 4 дена, слушнав на телефон сестрата кажа од 15ти е на одмор. Слободни термини има од септември кога ќе се врати. Ние собираме документи за инвитро. Ивановски ми напиша извештај, кој ќе го поднесам со особен нагласок дека имам мала резерва на АМХ. 0.34 Страв ми е дека може да ми одобрат ваучер со туѓа јајце клетка, без да пробаат од мене меѓу зборови ми рече да барам врски со комисијата за ваучери. Дали вие што имате добиено ваучер со мала резерва сте фаќале врски, како иде, што да правам.
Можеш да поднесеш жалба ако ти одобрат со донирани, ќе пишеш дека ти е прво ивф (ако е прво) и дека би сакала шанса да се обидеш со свои. Мислам дека за прво ќе ти одобрат ваучер за со свои. Ти посакувам среќа
I Kaj mene bese isto za prvo invitro koga podnesov, no me vodese Mladen Risteski od sistina a toj bese poranesen pretsedatel na komisijata, I toj mi sredi da mi odobrat so nizok amh bez donirani
На каков извештај ти го напиша амх и зошто? Сакате да избегнете инсеминации? Ризик ти е да ти одобрат со донирани или само еднаш да ти дадат со свои, а ако не дај Боже ти треба и друг ваучер тој дефинитивно да биде со донирани.
На извештајот од преглед. Напиша дека имам правено лапароскопија, хсг на јајцеводи, резултатите од амх дека се ниски, дека се гледаат нови големи ендометриозни цисти. Сака да избегнеме инсеменации и одма на инвитро да идеме зошто многу ми се оштетени јајниците. Јас отпосле прочитав овде на форумот дека може е подобро да не ги давам резултатите од хормони со амх, туку да направам нови без амх, да не гледаат комисијата нивото на амх. Инаку ова ми е прво поднесување, имам 30год и би сакала барем да пробаме еднаш двапати со мои јајце клетки, може ќе успеат да извадат. Некако страв ми е од прва ако ми дадат ваучер со донирани јајце клетки. После има можност за жалба?
Јас не би поднела со низок амх. Сепак си млада и еве и да не успее од прва, зошто да не можеш да искористиш од фонд, посебно сега кога имаме право на 6 ваучери. Разговарај со докторот да се наведе ендометриозата како фактор според кој тој ќе предложи да не се оперира и да одите дирекно на ивф без да прикажувате амх. Тоа и стои во правилата за остварување на право на ивф: Тешка или проширена ендометриоза која не реагирала на хируршкиот третман Другите хормони ок се, освен амх? Јас колку што знам само еднаш може да успее со жалба за свои ј.к веќе секој нареден ваучер би бил со донирани.
Оф леле, ајде хормоните ќе ги повторам, ама извештајот од систина? Веќе е искуцан заверен, платив 5к зарем сега пак да одам да побарам нов извештај?
Колку е разликата? Јас ги купив тука ама не обрнав внимание на цената, па ако е разликата голема, за овој пат да одам до Врање.
Симонче, мислев другите хормони дали се во граница или упатуваат на ниска оваријална резерва, FSH, E2, како се? Да не ти побараат секако амх ако тие не се добри. Збори со него за можноста да добиете ваучер вака без амх, дали ќе сака да напише предлог без да го наведе амх, да пише нов извештај како да си била на преглед само нека избрише амх. Другарка имаше слична ситуација, беше кај него да го замоли да избрише, рече нема проблем, за во идни извештаи ќе избришам, а да го издаде повторно истиот изменет не можеше - а нејзе и стоеше амх на извештајот од трансфер при што не можеа да издадат нов документ, ако ме разбираш. Кај тебе би можел на нов извештај да го избрише амх, ако така се договорите. Пребарај други членки со ендометриоза, побарај искуства, дали добиле ваучер без инсеминации. Вие баш ни една ли немате направено? Обично и фондот ќе побара една, две ако не сите четири. Треба и на тоа да си спремна, дека може ќе те вратат за некоја инсеминација, па видете убаво со докторот според ситуацијата твоја и колку може да се чека.