Јас правев на третиот циклус II Ivf, фактички беа поминати само 2 менструации, од искуство би ти препорачала да поминат барем 3 месеци.
Каде во странство? Јас во Германија земав во клиниката кај што правев инвитро. Ама така се гледа нивниот печат и се претпоставува за што е боледувањето. Но, сум земала и од матичен општ лекар и од матичен гинеколог. Одев лично или се јавував на телефон. Доволно беше да кажам дека сум имала трансфер и дека имам потреба да мирувам, да не идам на работа. Ми давале до тест, а потоа по потреба ми продолжувале.