Здраво во вторник имам закажано пункција а денес имам кафеав исцедок дали е нормално многу се исплашив ве молам за одговор
Ако имаш пункција во вторник, претпоставувам утревечер треба да се боцнеш со амп. Декапептиде, сеуште не си ја земала?
Навистина е збунувачки а и не се вратив да прашам што и значи знакот, ако има некој по стручен во овој дел нека каже
Тоа значи дека вредноста е повеќе од 5000, а нивниот апарат најверојатно мери само до 5000. Секако е дуплиран од вчера ❤️
Чим е кафеава боја станува збор за стара крв. Може да е резултат на микротраума од УЗ преглед или одговор на ендометриум на хормонална стимулација. Чим се немаш сеуште боцнато нема некоја опасност од предвремена овулација а и сигурно ги измериле фоликулите претходно. Мислам да се опуштиш дека не е ништо страшно и пункцијата ќе помине во најдобар ред.
Би ти препорачала да отвориш на ФБ Newlife ivf clinic, доаѓаа доктор од клиниката некогаш и во мк на консултации во Скопје имаат и координатор за Македонија, скору беа кај нас, јас и пишав меил за да закажам консултации но часот што ми го дадоа за консултации не ми одговараше со работата и не отидов, читам доста позитивни коментари за клиниката и на самите консултации ке ти одговорат на сите прашања и за цени и за процес
Сепак пријави на ивф докторот... Иако и најдобрите ембриони не значи дека се хромозомски исправни, би имало барем имплантација проследена со неуспешна бременост. Не спомна за колку трансфери досега станува збор... Дали сте испитале брис од ендометриум за да елиминирате ендометритис или дали е пробано со трансфер на ембрион после подолга прогестеронска терапија, пр. петдневен ембрион да се трансферира на шести ден, во случај да е изместен имплантацискиот прозорец? Исто, имунолошките испитувања дали се направени?
Некое време не сум веќе присутна во оваа тема, бидејќи останав природно бремена. Но, претходно имав 2 ивф обиди, и мислам дека се истрауматизирав после нив. Сеуште не ми е јасно како ми се случи тоа, психолошки сум јака личност. Сепак, хормоните, емоциите, мислата, ми направија хаос. Надеж, грижа, страв, оптимизам, лутина, разочарување, осаменост, опсесирање со телесните симптоми во тие 2 недели.... Моја препорака за сите кои го почнуваат овој процес, е да се подготват добро психофизички и да имаат добра поддршка. Второ, кога бирате доктор, прво прашање нека биде: Дали сте расположени и спремни за соработка во која индивидуално, на мене лично ќе ми се посветите, во која нема да бидам статистика? Јас бев во Ремедика, кај др Адамоска. Љубезна е, достапна, ама ме третираше како статистика. Не добив индивидуален пристап, и генерално таа преферира целосни стимулации. Јас бев сигурна дека можам и на природен циклус да забременам (што и се случи после спонтано), ама не ме послуша, ме напука со хормони. Ниту ме советуваше да ги направам сите испитувања пред ивф. На пр, не ми даде да провериме тромбофилија, имунолошки тестови, ендометриум итн. Значи, не е внимателна да ги испита сите околности, пред да те стави на тој пат, кој е многу предизвикувачки. Само да се штанцаат обиди, до бескрај. Среќно жени! Секој на овој пат заслужува медаља. Не се воздржувајте да побарате и психолог во процесов.
Јади цвекло салата секој ден за ручек, по 7-10 дена ќе имаш убави резултати.. Но доколку некоја има миоми или полипи во матка, не се практикува бидејќи ги зголемува и нив..
10 трансфери. Не ми е познато тоа брис од ендометриум, ниту тоа петодневен ембрион да се трансферира на шести ден, никој доктор досега не ми споменал. Како што ми рекле така сум правела, сметајќи дека тие знаат, јас сум сепак лаик кој сега има некое искуство кое сакам да го преточам во статистика.
Здраво… ова е цената за мојот случај после консултација тука во Скопје во хотел Мериот во јуни. Но од прилика таа е сумата на третманот. Клиниката е Embryolab Fertility Clinic во Солун, и знам многу успешни приказни од таму. А имате и контакт во прилог, жената од клиниката што посредува е македонка се вика Софија и многу е љубезна, а исто и докторите.
Како може да се види кога пак ќе доаѓаат во Скопје? Како ти дозна ? Ако може е-маил да ми пратиш од Софија, јас имам само од Наташа ( Србинката )од таму . Благодарам
Здраво, искрено не знам кога идат повторно. Повеле контакт, па ќе Ви кажат. Јас тогаш им се обратов на маил, па ми кажаа дека за скоро доаѓаат. Поздрав s.davkova@embryolab.eu