Јас лежев првите 2 дена од трансфер, потоа си функционира нормално, без напрегање кревање тешко, пешачев по 1 час, одев на кафе, правев ручек. Оваа ми е четврти трансфер, а првите два трансфери ги поминав во кревет и ништо не бидна, третиот трансфер одев и на работа малку но исти без резултат, еве сега сум со позитивна бета. Ти посакувам многу среќа и да не ги поминеш деновите во лежење ако сака да биде ке биде дури и на работа да одиш
Првите три дена одмор повеќе но не лежење по цел ден. Станувајте праветеси оброк, смути. Движете низ дома полека нека циркулира крвта во матката. Тешко кревање не. Јас се работев најнормално без брзање и без никакво напрегање. Течности колку што можиш повеќе и максимална опуштеност со мислите.
Како некој што помина 12 години во оваа проблематика во борба за дете, 7 инвитра, еден куп трансфери, една моларна бременост.....ќе ти дадам совет прво да испиташ се што можеш а се однесува на твојата проблематика и се што ќе се појави како можен проблем да консултираш специјалист од таа област, трансфузиолог, ендокринолог, генетичар .......да не губиш време со статистики. Има доста нешта што не ти дале да испиташ а може да е важно за успех Многу тука дошле до успех после некое испитување и најден проблем. Повеќето од нас тука се сами сме испитувале, па некои сеуште намаат постигнато бременост. Ова е комплексна работа и не секогаш еден и еден се два, не секогаш добивањето ј.к значи и добивање ембриони, дури и кога ембрионот под микроскоп е нај нај( ова беше случај кај мене, се како по книга, ембриони, ендометриум, хормони) генетски може да не исправен, а ако немаш правено ПГД на ембриони тоа не може никој да го знае( дури и со ПГД исправен емврион некој немаат бременост) Во однос на клексаните, во сите инвитра ми биле вклучени и секогаш сум консултирала трансфузиолог во однос на дозата препишана од гинеколг(некои доктори прифакале сугестија од трансфузиолог некои не, јас сум се држела до мнението на трансфузиологот) Јас ќе ти го споделам мојот, се водев со намалена оваријална ререзва АМХ последно ми беше 0.5, а се другото без проблем(испитано се: мутации, антитела, кариотип, нк клетки, брис, биопсија, хистероскопија, лапароскопија, хла типизација, кир клетки, верувај не знам веќе што.......но во сите ивф обиди никогаш немаше имплантација.После години мачење и неуспеси и разочарувања сфатив дека тоа е што е, дека моите ј.к не се квалитетни (42 години имам) и решив да одам со донирани.Фала му на од прва успешно еве ја девојка 1 година веќе.Моабетот ми е да не се разочаруваш, туку што можеш побрзо да испиташ се и да елиминираш колку можеш повеќе причини. Само биди упорна во целта, вееувај и ќе успееш.Еднаш пишав дека на овој пат не успеал само тој што се откажал. Со среќа.
Јас не лежев воопшто, правевме ивф во Прага, денот после трансфер шетавме, наредниот со кола тргнавме за Скопје.Успешна бременост. Освен ако срого не ти е прпорачабо од доктор дека треба да лежиш, мој совет слушај си го телото, одмарај ако ти се одмара, шетај ако ти се шета, само не залегнувај, циркулација е важна за плодот. Со среќа
Колку време после ембриотрансферот стана ? Од бокс нели веднаш стануваш. Дали после лежеше малку во болницата или веднаш те пуштија. Јас прашувам затоа што после ембриотрансферот веднаш од бокс станав и не лежев ни минутка, туку веднаш ми рекоа дека може да уринам ( пошто нели сме со полна бешика ) и не пуштија. После дома лежев тој ден. Незнам дали лежењето има некаква улога во болница, макар кратко?
Јас од бокс лежев 10мин на кревет па бев вц. И после тоа 2 часа лежев во болница и првото и второто ивф беше така.
Како ви бил ендометриум и естрадиол за трансфер? Денес е финално да видиме дали и месецов ќе имаме трансфер Многу почна тежина да ми причинува.
Воопшто не лежев, од сала веднаш во соба отиднав, се облеков и не пуштија. Предходно секако има пробувано, еден ден, три дена, пет дена ....цела недела лежење и ништо не бидна. Ставот на докторката во Прага беше дека лежењето може повеќе негативно да влијае отколку позитивно.
Уште еднаш одложен трансфер. Ве молам кажете искуства. Ендометриум беше супер 9, ама е2 не пораснал доволно, беше 93. Др сака да биде 200. Сега сум на циклопрогинова, па ќе чекам следен циклус. Имал ли некој ваков случај?
Па веројатно е добро тоа, може да направат трансфер ама сака да е сѐ како што треба. За Е2 не треба Естрофем да пиеш? Или не е исто, не знам стварно, само размислувам.
За ден на трансфер ли се работи? Јас на трансфер со замрзнат испитував на своја рака, беше 78 pg/ml на ден на трансфер, ми изгледаше ниско, докторот немаше забелешки, направивме трансфер, после 5 дена испитав беше 62 pg/ml, јас во депресија паднав, па барав читав студии да го поткрепат неговото излагање дека естрадиолот нема влијание и во право беше, трансферот беше успешен. Не велам дека твојот доктор нема појма, чисто разменуваме искуства. Можеби 200 се најидеални услови. Прашај го нека ти објасни. Мојот ми велеше, а како тие со 3000, 4000 Е2 на свеж трансфер забременуваат (во смисла другата крајност - висок Е2)... https://www.frontiersin.org/journals/endocrinology/articles/10.3389/fendo.2024.1326098/full - линкот од студијата
Извини вака што улетувам, ама еве да споделам мое искуство. Во првата клиника одма после трансфер ми дозволуваа да станам, да идам до тоалет и да си идам дома. Во втората клиника од бокс морам да легнам на стомак на кревет со тркалца. Со тој кревет ме префрлаат на друг кревет, кај што сум чекала и претходно. Секогаш препорачуваат лежење на стомак околу 15 минути. После дозволуваат да станеш и нормално да продолжиш да живееш. Никогаш не ми препорачале дома да лежам и ништо да не работам. Баш напротив ми препорачуваат нормално да си идам на работа и да не кревам тежина повеќе од 15кг. И во правата и во втората клиника имам позитивен тест кој завршил со спонтан. Јас верувам дека ако треба да се деси, ќе се деси. Ако не било пишано џабе што и да направиш. Лично мене најмногу ми одговараше кога после трансфер првите неколку дена одмарав, потоа нормално функционирав по дома и пешачев.
Не се плаши Овитрел е најлесната инекција за боцкање сама,уживај ништо нема да згрешиш само прави како ти е кажано. Две инвитра имам до сега и околу 60 пати си имам вбризгано шприцеви со игли во себе мислам дека веќе можам да бидам медицинско лице хахахаха А овде има и членки кои 10 пати повеќе од мене го правеле тоа. Со лесно ❤️
Девојки,дали ги имате пиено Profertil female inositol? Докторот ми го потенцираше тоа инозитол,дека се подобри со таа состојка плус. Е сега гледам кај нас се многу поскапи од Германија,па планирам од таму да ги нарачам. Гуглам и ми дава дека се ќесички,а обичното Profertil female се таблетка плус капсула.Искуство?
Не знам за тие со инозитол, ама за обичните профертил кога го видов составот заклучив дена не вреди, многу се скапи а поединечно сите работи ги пиевеме во поголеми концентрации. На пример профертил содржи q10 во мала концентрација (не е назначено дали е ubiquinol или ubiquinon - првата форма е подобра и полесно се апсорбира, втората е поевтина). Ги пиеше и маж ми машките профертил ама не забележавме некоја разлика. Тоа е мој заклучок, не мора да значи дека сум во право.