Јас не разбирам како некои сами не се боцкаат, мене поголемо замарање ми е да одам, да чекам, да ме боцнат, да се вратам…вака дома за 2 минити ќе завршам работа. Ама да, испраксирани сме
Јас така не размислувам... све што сама сум иницирала да се испита ми било од корист и сум добила дете. Така да седни еден список и иди прави испитувања негде се крие проблемот. И сама ако не си го решиш никој друг.
Jas vo april 2024 kaj tase isto na privatno i jas se si zapisuvav.so se terapija me kostase 5500 evra.plus patni trosoci i spienje vo bitola
Некако многу… не беше 2700 само ивф? Не се сеќавам точно, ама ние 400 евра доплативме за MAXI, терапијата околу 1000 евра, пред и после трансфер терапија околу 500 евра. Околу 4000 мислам плативме, без трошоци за превоз и спиење, страв ми е и да пресметам сѐ вкупно колку пари до сега сме дале :/
Кога побарав упат ми рече што ќе ти е.. и отидов направив приватно 3000 ден. За другите испитувања најдов пријателка докторка интернист само и дадов на лист ова све и отидов на имунологија испитав, идев на приватно следев фоликулизација, па хсг приватно.. све што можеше исклучував да дојдам до проблемот. Тоа е борба, јас трудна бев па ми викаа што се замараш ок е грло, иди дома и јас се замарав не оставив така.. зошто да бев така 26та ќе де породев и ќе го изгубев можеби, па останав месец да лежам на клиника и да се породам 32ра недела. Све сам борба за ова дете што го држам сега во раце.
Може да ми кажеш што испитуваше на имунолигија? Ми реле докторор и јас да одам па да не ми пропуштат нешто, сакам се да опфатат.
Колку само ти го разбирам гневот, што еве и преку пишаново се чувствува дека си го имала, низ истото поминував и ако оставев така исто кој знае дали ќе го држев ова дете во раце сега.
После пункција веднаш кажуваат колку се извадени и зрели за оплодување. Наредниот ден колку се оплодиле.
Мене само првото инвитро ме боцнаа првата стимулација колку да ми покажат како треба и од тогаш се сама се боцкам
Дали имате болки после пункција. Мене пункцијата ми беше вчера и многу ме болат јајниците стомакот особено при станување седнување движење одам свиткана. Болката е како болка при воспалени стомачни мускули ама ова надоле кај јајниците.
Прва пункција на две ЈК силни болки при станување, свиткување, седнување....траеа 10 дена и повеќе Втора пункција на шест ЈК ужасни болки уште додека ме будеа со плачење со вриштење ама траеа пократко,два - три дена само
бруфен пиев тоа ми препишаа ама не помагаше, избегнував Кетонал зошто ми го пара желудникот не ми требаше уште и желудник да ме боли ,кетонал земам само мигрена ако имам