Испитував хомоцистеин, овие на сликата, после на биохемија све хормони, фолна, б12, д витамин, кариотип на гак, хсг кај толовски. Мутации од порано еднаш во ману, неможев да ги најдам па во авицена пак направив за побрзо резултати. Пиев Пентоксифилин, вит Е после хсг, и тој месец останав бремена. Брисеви, пап тоа регулар. Не се сеќавам друго ако ми текне ќе ти пишам.
Некој со искуство да е откажан свеж трансфер и да се прави трансферот по истекот на рокот на ваучерот?
Нередовна овулација и запушени јајцеводи и мутации , прво ја средив овулацијата, после хсг се отворија каналите сигурно имало делумна запушеност ама била проблем и на крај одма почнав со терапија за мутациите.
Tolku mi ispadna na mene.punkcija 600 evra.transfer 2000 evra.so dolg protokol bev okolu 150 000 den samo inekciite.plus terapijata i tolku ispaga 5500 evra.
Девојче се зависи од волјата на докторот. Вообичаено не важи и се плаќа трансфер на приватно, ама ако сака докторот мислам дека може да пријави во фонд дека е направен трансфер и да си го наплати, а всушност да се направи кога ќе треба. Затоа потпрашај го, замоли го докторот ако може да излезе во пресрет.
И јас имав болки при движење а и кога мокрев мислев ќе умрам, се помина за 5-6 дена. Секако следи ја болката, треба да се намалува од ден во ден а ако е неиздржлива или ти се подува стомакот треба да го известиш докторот.
метлирана фолна 1000ка, метил б12 1000ка, клексан 0.4, андол 75 мг на три дена. После ми зголемија по два клексан 0.4.
Девојќи сакам да прашам, пред пункција пиев Премама дуо повеќе време, и кога ми беше пункцијата на мм му дале да купи Имприл и нормално маж како маж зел се што било препишано, и ајде јас почнав со Имприлот искрено многу се скапи овие. Сега ми завршија Имприлот и незнам кој се подобри според вас, дали Имприл или ПреМама
Јас до 12 недела пуев имприл после тоа почнав со фемибион докторот ми кажа добро е се супер се развива плодот можеш сега слободно да си земеш други вит, со имприлот пиев и б12 од 1000 и метилфолат од 1000 бидејќи сум со мутации
Така ми кажаа дека ќе ми биде покриен со ваучерот трансферот само сакав да прочитам некоја членка што го искусила тоа . Порано знам дека мораше во ист циклус да се искористи се од ваучерот од стимулации до трансфер.
Јас знам дека важноста на ваучерот е 6 месеци. Се надевам дека е уште така. Така што во рок од тие 6 месеци имаш право.
Ама ваучерот ви бил со важност сеуште? Мене за нареден циклус веќе ќе ми биде поминато 6 месеци од издавањето на ваучерот, затоа прашувам дали има и друга членка со истава проблематика.
Освен тоа што ти пишала Лејди, на имунологија испитавме и кир лиганди, крв дадовме и јас и маж ми. Испитуваат некоја комбинација на гени која се поврзува со неуспешна имлантација на ембриони.
Кај секој е индивидуално и докторот ќе одлучи на прегледот кога ќе ти ја прави шемата. Мене конкретно ми дадоа тбл. Естрофем, потоа вклучија амп.Пролутекс и гел.Кринон. Дополнително си пиев од претходно Аспирин, Метил фолат и Д3.