Здраво девојки, следната недела планирам да давам документи за инвитро ваучер па докторот што ја води постапката ми вика дека пап тестот важел две години затоа што мене ми е направен во 2024 година, меѓутоа сите други што прашав ми рекоа дека важи само една година. Дали на некој и го признале пап тестот постар од една година, ѕвонев повеќе пати на броевите од фондот но не ми се јави никој...
На страната на Фзо пишува Папот не постар од 1 година, и за другите документи има исто одредена важност.
Јас правев јануари пап тест, пред некиј ден кога бев и и кажав на матичната дека сакам да поднесам за ваучер за второ дете, ми рече да направиме нов тест. И понатаму другите испитувања постепено. Барем се надевам до октомври да ги соберам, ајде најдоцна и ноември.
ПАП тест една година важи исто и хив и хепатит тестовите ви важат една година, хормони шест месеци, брисеви шест месеци,ХСГ нема рок на важност.