Ова со приватниве ивф клиники кај нас излегува од контрола, препишување на лекови на невидено по телефон или пак без претходно побарано крвна слика и медицинска историја на пациентот ми делува како играње со живот. Не дај боже да има посериозни несакани последици, после кој ќе биде крив? Или како и се друго во државава, прво треба такво нешто да се деси за институциите да реагираат и да се протестира. Под чија директна институционална контрола се овие приватни клиники и дали воопшто им се праќаат инспекции за тоа како работат?