Гледаш, како не гледаш...и ние гледаме Радувај се честитки Испитај си бета за сигурно ама.. на арно е
За сите оние со висок притисок пред трансфер,дали менувате одма терапија ( со Метил допа) после трансферот или понатака?
Девојки здраво, вие што скоро сте добиле ваучер/сте почнале постапка, во среда сум во Систина прв пат правам па сакам да отидам спремна.. ми кажаа ваучерот да го испринтам, матичната ми го испринта одговорот што ми стигна на мејл, (дека исполнувам услови итн...) има и бар код на него, дали е тоа се што треба да однесам во врска со ваучерот? Фала ♡
Јас сум четврток здравје прв пат и се што знам е дека треба ваучерот и упат од матичната. Денес бев земав упат меѓутоа и ја не знам дали е потребно уште нешто..
Девојки ние што сме со успешно ивф, до која недела примивте терапија, пролутекс и циклогест? Мене др ми кажа до утре и потоа ништо освен витаминските и магнезиум
Хла типизација на трансфузиологија има некој правено? Читам постари мислења дека на имунологија правеле членки па ме интересира дали има некаква разлика.