Ти благодарам Бета во четврток треба да проверам, инаку само 1 вративме ама беше многу добар квалитет и нормално со донирана јк, со моја не успевав. Ти посакувам среќа и со лесно се да се одвива
Ахахах, мојата бета се сега двајца 3.5 годишни терористи те прашав колку ти вратија зашто тоа е баш силна линија за ден 6 па си помислив да не се две
Да ти се здрави и живи немирковците, сите да си дочекаме дај боже Не ме плаши сега да не се поделила хахааха јас за тестот уште не можам да си поверувам
Извештај од трансфузиологија мораш да имаш и од секое купување да се чува сметката со сметкопотврда, откако ќе завршиш со терапијата одиш кај матичниот гинеколог со тие документи се ќе ти спреми и после носиш во фонд
На 9ти ден ми покажа јасна втора црта на ефтините тестови (не се сеќавам како се викаа). Пред тоа не тестирав, ама кај мене почна како близначка бременост, затоа и беше јака втората цртка. Бетата на 11ти ден од транфер ми беше околу 600.
На 7ми ден блееедааа На 8ми ден имав бета 47. Секој ден испитував после дали расте. Ама не ти треба тој стрес,верувај ми. Чекај бар до 12ти ден Со лесно
Здраво девојки, јас почнувам за прв пат ивф, од петок ке ја почнам терапијата, па периодот на празници што следи нека ни ја исполни на сите желбата, со среќа на сите што се во исчекување
Трет ден од криотрансфер на две бластоцисти 4АА оценети (на 20ти ден од циклусот) еве денес почнаа менструални болки....аман веќе дали е нормално ова? Од терапија циклогест 2х1, клексан, Аспирин, циклопрогинова белите , почнати 5 дена пред трансфер односно 15ти ден од циклусот ,и плус декортин,бускопан и диезепам по трансферот само 3 дена.....терминот за НЕдобивање е дури за 6 дена.... незнам што да мислам веќе, рано ми е па и за менструални болки ако добијам по терминот...
Од искуствата овде, тоа може да се болки и поврзани со трансфер и со имплантација а не менструални. Само што исто се осеќаат. Не се нервирај пред време, имаш добри шанси да е успешно.