Некоја што скоро поднесуваше документи за втор ваучер и што има го има добиено истиот да ми каже што точно документи треба да поднесам? Различни мислења читам, не сакам да згрешам. Ви благодарам.
Ти посакувам следниот пат да биде успешно и сигурно ќе биде. Ти посакувам спокојство, сила и многу среќа
Баш ми е жал. Мислам дека нема потешко во целиот процес од тоа да видиш бета негативна. Дади си период за тага и исплачи си се и после пак во борба, нема предавање додека не видиме две цртки.
@Marcheee @Mzia @Iva_Iv @bgirl6666 ❤️❤️❤️ Секое паѓање кон ново посилно издигнување...нема откажување, здравје за 6 месеци со нови сили ќе морам да поднесам ваучер за трансфер затоа што неможам да си дозволам сега приватен трансфер на останатите две замрзнати. Незнам дали да го терам наредниот ваучер целосно или само за трансфер да го користам...дали да се стимулирам пак а во меѓувреме да појачам суплементи....
Обично не ми ги кажуваат резултатите од хормоните само ќе се јават и ќе кажат дека резултатите се во ред и како да ја земам терапијата, единствено што научив на второво инвитро дека прогестерон не смее да биде над 1 вредност затоа што тоа значи "презреан" ендометриум односно следува циклус и затоа откажавме свеж трансфер.Е сега кога отидов после два месеци за трансфер ми испитуваа лх, естрадиол и прогестерон а последен пат само прогестерон и ми рекоа вредноста е во ред може да правиме трансфер ама јас добив менструација два дена порано од тоа што требаше ....не сфаќам зошто
Znam kako funkcioniraat vo New Born zosto i jas tamu pravev invitro. Ama sekogas gi prasuvav so cifri da mi gi kazuvaat vrednostite i si gi zapisuvav. Sekogas bile ljubeznu i mi izlagale vo presred
Јас би те советувала доколку сакаш да продолжиш во истата клиника да направиш консултација со докторот што те води што е според нив најдобрата опција сега. Малку реално да се поразговара дали можеби додатно испитување, дали колекционирање, што би придонело за успех нареден пат. Јас ја имав среќата Гуржанова да ми се понуди за ова и дојде со целосен план што ако продолжам со мои јк или што ако одам со донирани и низа испитувања во двата случаи. Донекаде да се утврди причината и да се најде решение што ќе даде успех. Што и да се одлучиш, ти посакувам од срце наредниот протокол да имаш позитивен тест.
Фала ти,сега дефинитивно ќе бидам поупорна да се согледаат многу други работи не само хормоните се ок матката ок се е ок а уствари не е очигледно. Додуша првиот пат ми рече само да појачаме суплементи за подобар квалитет на ембрионите.
Дефинитивно целиот тим е супер затоа останувам со нив , кога ќе одам сега на консултација најверојатно ќе предложи и други испитувања...