Па нели на денот на трансферот ти дават домумент на кој пишува колку јајце клетки ти извадиле, колку се оплодиле и колку ембриони трансферирале, мислам дека на тој извештај се мисли.
@*gjoi* пишува на него кој протокол е користен, кога е започнат, што се користело, колку јајце клетки се извадени и оплодени и кога е направен трансферот. Од денот на направениот трансфер се бројат шест месеци за да можеш да поднесеш документи за нов ваучер.
Фала ти, за 4 се спремам преку фондпт и до сега не сум поднесувавала таков документ само во обрасците пополнував колку итн.
Првиот пат и јас не дојдов до трансфер. Имав 3 јк, од кои 2 се оплодија но не преживеаа. На крај, после 5тиот ден ми извадиа нов извештај на кој пишуваше дека ембрионите престанаа со развој, и немав трансфер, го поднесов и ми одобриа втор ваучер. Ова е за Њуборн, верувам дека секаде е исто. Доколку пак не се извадиле воопшто јк, тогаш можеш да го поднесеш од пункција.
А знае некоја за нов извештај за амх хормон дали треба пак да поднесам? Минатиот пат ми го побараа дополнително и го поднесов.
Јас 3 ваучери имам добиено без да поднесам АМХ, искрено незнам во кој случај бараат накнадно да поднесеш, дали возраста или нешто друго?
@Mila0000 ми побараа дека првично имав доставено две инсеминации и докторот ми имаше пишано ради намалени антрални фолекули да се оди директно за ивф. Правевме уште една инсеминација што ја побараа и амх па ми одобрија ваучерот. Затоа не знам да не губам време дали да поднесам пак амх или не. Инаку возраст 36.
@Love&bebe најдобро ќе биде така, најсигурно зашто не би сакала да ме вратат за дополнителни документи повторно. Ти благодарам.
A dali se uste dokumentite za vaucer se dostavuvaat vo fond kaj Crven krst? Da ne ima izmeni da treba kaj Majka Tereza?
Здраво девојки, продавам Prolutex 25mg (2 кутии,14 ампули)набавени од Бугарија по цена од 2400 денари за кутија и Progestan 200mg (Utrogestan) (3 цели кутии по 30 капсули и една лента од 10,вкупно се 100) набавени од Турција по цена 600 ден за кутија или 20 денари по капсула, односно 2000 денари за сите 100 парчиња.
Здраво, кај мене четврта неуспешна инсеминација. Разгледував потребна документација за ваучер за ин витро и пишува разлика од најмалку 3 месеци помеѓу спермограмите а наназад во темава прочитав дека можи и преку еден месец. Некако не ми се чека три па ако некој имал неодамнешно искуство со документација ве молам споделете. Инаку идеални услови за инсеминација. Резултатите од сопругот одлични, јас имам ПЦОС но имав дури шест фоликули од кои два беа по 20. Навистина не знам што е проблемот, баш се разочарав. На ХСГ покажа дека имам лесно извиугирани јајцеводи па ако е то проблем. Не знам што да мислам навистина...
Според новиот правилник, најмалку 3 месеци треба да има разлика помеѓу спермограмите, а најновиот спермограм да не е постар од 6 месеци. Штом имате 4 инсеминации направено, сигурно имате веќе неколку спермограми направено. Прати го најновиот што го имате и уште еден постар.
Девојки, по ембро-трансфер, после колку дена правите тест за бета, и дали си пробувавте со домашни тестови преку урина. Јас си направив на 9 ти ден по ЕТ ама ми испадна негативен, некако се напнав, и прошлиот по ЕТ правев домашни два негативни, а БЕТА на 11 ти ден ми беше 280. Си реков нема да правам пак стресови, ама нетрпение е појако од мене.... Дали сте имале пример на негативни тестови на мокрача, а позитивна бета и успешна бременост ... Да си се поддржиме кој не го поминува ова не е свесен, што нашата психа претрпува, сила на сите ви поскаувам и успех
Девојки, Имам неколку прашања во однос на документацијата, па доколку можете да ми помогнете. - Дали Барањето и Изјавата за БПО како обрасци од ФЗО, треба да бидат заверени на нотар? И дали треба некаква посебна Согласност од двајцата партнери (како што е наведено во документацијата од Њуборн) со копии од лични карти или тоа е Изјавата? - Крвна слика, гликемија, седиментација треба само за жената, не и за мажот? Ви благодарам
Здраво Доколку сте во вонбрачна заедница треба да изготвите Изјава и нотарски да ја заверите, во спортивно не е предвидена нотарска заверка на ниеден документ, крвна слика само за жената. Поздрав
Согласност од двајца партнери заверена на нотар е потребна ако не сте во брак, ако сте во брак извод на венчани треба, со копии од лк. Барањата не се заверуваат на нотар Крвна слика, гликемија и седиментација твои, од него спермограми