Devojki nekoja sto prAela stimulacija vo new born na kratok protokol, dali moze da mi kazite kolku vreme traese do punkcija?
Немам јаки болки, ниту со првото ниту со ова крварење сега. Докторот рече ќе следиме, реално ништо друго освен чекање не може да се направи. За една недела ќе боцнам пак контролна бета. Тој е 99,9 проценти сигурен дека не е вон матка. Но фала ти за грижата
Здраво, И јас бев во иста ситуација пред еден месец, 4 недели не падна и последната недела се поткачи малку, после една недела беше под 2. Ќе проверуваш, ќе падне, не се секирај.
Одма ми се јавија утредента после пункцијата да ми кажат колку се оплодени и како реагираат останатите.
Прв ден од циклус почнав со апчиња, следната недела со инекции и на 14 ден од циклус пункција. Ако се оплодат јк за 3 до 5 дена трансфер. Значи околу 17 до 20 дена
Паничат затоа што сум имала алергија на некои лекови, да не сум добиела реакција и на оваа инекција Синоќа отидов да се боцкам на друго место и се беше во ред , никаква паника немаше, ни од нивна ни од моја страна
Здраво почитувани феминки ве поздравувам сите јас сум релативно нова членка во групава, на 20-ти имав ембрио трансфер, прво ин витро ми е, се помина во најдобар ред и трансферот и пункцијата, под терапија сум примам естрофен 2*2 на ден и декортин еднаш наутро, и по две вагиналети утрогестстан наутро и навечер од 200 сакам да споделам нешто со вас сигурони сите вие сте поискусни од мене во оваа ситуација,затоа барам мислење од вас после неколку дена од трансферот ми се појавија симптоми од типот на грч од левата страна, и десната ама претежно левата поточно како тегнење краткротајно во неколку минути, често мокрење имам и наеднаш ми се ичисти целиот грб што тоа не е својствено за мене колку и да сум примала хормони сепак ми бил исфлан, вечерва ми се случи да ме заболе стомак и да имам тврда столица, кога станав од вц школката изметот беше цел крв, многу се вознемирив и не знам од што би можела да биде таа крв, бидејќи во минатото имав проблем со хемороди, и сега не знам дали нешто се има случено со ембриочињата или пак од тврдата столица е, кога отидов повторно да мокрам немаше ништо буквално. Ќе ве замолам за мислење што да правам понатака
Знам како ти е. Истиот проблем го имам јас со хемероидите откако ми почна оваа тешка борба, најпрво со лапараскопија па сите интервенции понатаму и двете инвитра и со тоа одмарање првите недела дена, залежување тешко го поднесував. И сега најмал запек или ептен да речеме да фатам да пешачам ќе ми се јави светла крв при бришење. Дополнително прогестеронот може да направи проблем со тврда столица и напрегање. Најдобро е колку можеш да избегнуваш тврда столица со начин на исхрана и јас се мачкав со крема од аптека ама ми беше страв да ја ставам за време на ин витрото туку отпосле. И многу битно дали ти се истите симптоми како претходно со хемероидите. Обично со нив се јавува пецкање, болка, и печење и обично крвта е светла. Ако не сепак консултирај се со докторот што те води за ин витро.
Да почитувана проследено е со болка и јадежи веднаш по случката, и така ми олесни и се потврди дека се активирале хемороидите, јас се вознемирив да не се случило нешто со ембриончињата, а се уште е рано за тест не знам дали ќе покаже утре ако направам преку крв.
Ако немаш крв кога мокриш, нема врска со ембрионите. Запек+хемороиди е веројатно причината. Среќно и без паника.
Трансфер во саботата, сношти ми текна да правам селф клир. Видов како премногуу бледа линија,си помислив евапорациска е, викам измислувам , неколку дена се поминати и ај си легнав. Сабајле отидов по прегчек, го направив и еве пак како да гледам цртка Само јас ли ја гледам еве не знам, ама толку нетрпелива сум, безвезе си стварам стрес.
премногу рано си направила тест.На 3 ден.Ако имаш примено стип инекција,тогаш имај на ум дека и таа дава позитивен тест.