И јас го делам истото мислење во врска со ембриолозите и целата постапка. отидов на неколку пати во Грција кога ќе споредам во Грција се светлосни години пред овие во Систина...
Лани на првото ин витро во недела беше оставен дежурен Андролог,а не ембриолог,млада девојка,која ни се јави да ни каже дали имаме за замрзнување или не.Годинава на вториот трансфер,истата таа ни ја пуштија,веќе станала ембриолог. Додека старата докторка шеф на лабораторијата ја видовме само после пункција.Ништо конкретно не кажуваат,додека во други клиники читам имале консултации со ембриолозите. Со среќа на девојките што се таму во процедура,им посакувам да успеат и знам дека не е секогаш до ембриолозите,ама во нашиот случај тотално се разочарав. Не знам дали толку е развиена науката или можат повеќе да ни објаснат и да не упатат а не знаат/не сакаат? Ако има некоја искуство со ембриолозите во Њу Борн би била благодарна да ми сподели.
Лично за нашиот проблем, би сакала разговор со ембриолозите пред целата терапија. Во Систина докторот беше одличен, даде сеʼ од себе ама работата на ембриологот е исто толку важна, особено за нашиот проблем. Сега, наместо да почнувам се од почеток и прашање е дали ќе има нешто оплодено, можев да имам смрзнати ембриони и само трансфер да правам. Затоа ми се важни тие методи на оплодување кои само во Плодност ги има, ама би сакала да слушнам и ваши мислења за да не излезе само реклама си прават клиникиве.
Јас ептен паничам од овој исцедок. Од темно жолт до светло кафен. Докторот вика најверојатно од Циклогестот. Некое искуство?
Не само ембриолозите, и условите во лабораторијата се важни. Слушав пред некој ден д-р од Шпанија, вика 3 фактори се за успешно им витро: квалитет на јајце клетката, квалитет на спермата и лабораторијата - условите на стварање и чување на ембрионите. Моето искуство за гореспоменатото со Систина наспроти друга ивф клиника е 1:3
Девојки, дали некоја имала вакво искуство? На 16.10 ми беше трансфер на 3-дневни ембриони. Денес е 23-ти ден по трансфер, а бета ми е 740. Денес бев на преглед и со докторот видовме дека има ембрион но по мерењето одговара на 4+6 недела, а според трансферот би требало да сум 6+0. Немам крварење. Дали некоја имала слична ситуација да има ембрион, но да заостанува по големина? Како се развиваше понатаму, дали подоцна се појави срцева акција и растеше бетата? Би ми значело многу ако споделите искуство
Можно е,јас го имав 3 дена и ми рекоја нормално е секоја втора го има, и тоа е точно.Кај мене за жал заврши со биохемиска 3 дена беше кафено и почна 4то ден крв.Ама немој да се базираш на моето искуство.Можеби е само од прогестеронот кај тебе,стара крв или некој крвен сад ако имаш пукнато.Ама внимавај и провери си бета пк понеделник ако сеуште го имаш
Јас правев ивф во ЊУ борн кај доктор Татјана. Кај нас проблем беше многу низок амх, слаб квалитет на јк и слаба подвижност на сперматозоиди. Јас имам позитивно искуство со нив. Првото ивф не беше успешно и кога се видовме да се договориме за второ ми сменија терапија, се договоривме за исхрана и почнавме. Јас со ембриологот не барав да се видам искрено не би знаела што да прашам. Но ми се јавуваше после пункција секој ден 4 дена со ред да ми кажува како се развива јк. На денот на трансферот дојде и ми објасни што ќе вратиме назад. Јас сум преблагодарна на Господ што второто беше успешно и еве чекам да се породам во секој момент. Јавете се, одете на консултација пробајте. За овој проблем за жал никој ништо не може да тврди каде е подобро. Ембриологот на Њу борн има учество во доста поткасти каде зборува за постапките исто и на нивната фб страна имаат како рилови погледнете ги па може ќе ви помогнат да одлучите. Еве еден од поткастите. На сите ви посакувам успех што поскоро.
Здраво девојки,денес ми е 9ти ден од трансфер на 3дневен ембрион… Ме фака паника да правам домашен тест плашејки се од неуспех… Дали е рано за домашен тест?? Молам мислење од ваше искуство…
Бидејќи е 3-дневен ембрион можеш да почекаш уште некој ден. Јас имав успешна бременост со 3 дневен, мислам дека почекав до 11 ден. Цртата беше ептен бледа.
Пронајдов низ нет ембриологот што била вработена во Ремедика 10 години заминала пред 3 месеци во Систина. Да не знае некој кој е сега главен ембриолог во Ремедика? Некој што прави сега процедура кај нив?
Здраво, да прашам, дали некој правел ИВФ со фиброаденом на града? Дали е паметно да се се извади или да се остави. Не е голем околу 9 мм
Јас имам направено 7 ивф, а имам фиброаденом на града. Советот на докторите беше само да правам ехо на дојка на секои 6 месеци, да се следи состојбата. Сега за сега се е во ред, ќе видиме понатаму како ќе биде.
Јас ги поминав скоро сите болници во МК ( Систина, Ремедика, Њу Борн, Плодност) Никаде ама НИКАДЕ немаат желба за усех. Единствената желба е пари. Во Њу борн едниот ембриолог е Данче е од Ремедика и е ок. Но далеку се од Солун. Почнуваки од спремност, квалитет, стручност и пристап. Во МК ме водеа со идеопатска неплодност. Кога ме прашаа што направи докторот во Грција, јас ќе кажам ништо посебно освен што имаше желба за успех и од прва ја постигна. Внимателно земена анамнеза, преглед на цела историја и моментална ситуација и толку. Не бев на лента систем.Таму каде мисчеше дека е проблемот следевме будно и толку. Иначе со ембрилогот буквално од првиот ден бевме во контакт, и во текот на целата постапка исто. Пред трансфер не повика да ни објасни што правела, кој ембрион и зошто го одбрала. Е овде мили мои тоа го нема. Стефан во Плодност е ок човек ама пак ќе кажам кај нас НЕ Е на прво место желбата за успех. Верувајте мноооогу добро знам со кои предизвици и стресови се соочувате, но мој совет бирајте доктор и клиника внимателно. Верувам во Господ и знам дека е се Божја вољја но Господ ни дал и памет да мислиме и проценуваме. Јас направив многу лоши проценки и каде не треба дадов доверба. Ама ќе кажам се е школо само што ова школо е многу скапо. Имам пишувано и пак ќе кажам ако докторот НЕ Ви го бара проблемот и решението него само проба бегајте од таму, Во случајов пробата е многу скапа и тешка како психички така и финансиски, И друго нешто што ме вади од такт, кој гинеколог стигнал секој ИВФ др станал. И кога читам по форумот ноого биле лубезни. Па секако ќе се љубезни нема да не тепаат, ама битна работа е каде учел, каде се стекнал со пракса па да почне да работи а не бил љубезен . Тоа се подразбира Со среќа и на сите до една Од срце ви посакувам да ве снема од темата и да се допишувате во темата труднички
Фиви , др Христос Папас. Цените се како овде па може и нешто поефтино единствено патот , ама се прифаќа од овде.Да бидам искрена овде не правев ништо за се одев кај нив, и сите анализи ги правев таму.
Bravo Preubavo detalno objasnuvanje za site sto se macat seuste i ne mozat da uspeat tuka kaj nas vo nasite bolnici. Se nadevam deka eden den i nasite doktori kje se svestat i kje pocnat vaka da se grizat kako doktorite vo stranstvo. Jas iako uspeav kaj nas vo Mk i vecno kje bidam blagodarna na doktorot i timot vo New Born, ova ti sto go pisa i tvoeto iskustvo e za kapa simnuvanje za pristapot vo stranstvo. Od maka sto site ja imame projdeno, se molam samo sto povekje site tuka da pisuvame pozitivni iskustva so dve crveni zar liniii i visoki beti