Зависи како ќе одлучи докторот заедно со ембриологот. Си имаат позитивни и негативни страни и на 3 ден и на 5 ден кога се враќат. Обично ако се мал број ембриони за да не ги изгубат до 5 ден даваат шанса природно да се доразвијат во матката. Додека ако не успее некој ембрион до 5 ден можно е да има некои аномалии и така селекцијата е подобра на ембриони.
Здраво, извинете, ќе може некој брзо да ми пише што е промената за аплицирање сега? Спремно ми е се од документи чекам само магичнава да ми потпише и да планирав денес да поднесувам документи…
Јас имав трансфер на два 3 дневни и двете се фатија, пред 9 месеци родив две девојчиња износени до 37 недела, ниту еден ден не беа во инкубатор. Инвитро во систина правев кај Митко Ивановски
Враќаат дводневни, тридневни, петдневни или бласто.. Мене ми вратија на втор ден и беше успешно, баш како што рече докторот дека некогаш нема правила и можеби е подобро да си се развиваат во природна средина. Со успех!
Девојки дали сте имале ситуација да бидете стимулирани но на пункција да не остави сопругот материјал и да нема оплодување и трансфер? Сопругот имаше сообракајна несреќа и сега е дома во кревет, се опоравува но не може да се движи сеуште. Но јас сум почната со стимулации и не би сакала да пропадне се, а и со ваучер сум. Дали има шанса да имам јас пункција и да ги замрзнам јајце клетките за понатаму? Дали ваучерот може да го искористам и само да платам замрзнување? Опоравувањето ќе трае кај сопругот подолг период и ако не го искористам ваучерот ќе пропадне.
Баш ме интересира и мене, кај кого си во Систина? Јас сум кај Лазаревски трето ин витро во Систина прво со него, па би ме интересирало дали има некој искуство да сподели
Девојки треба да испитувам th1 th2, ми бара докторот. Прочитав тука на форумот дека се испитува во синлаб. Освен таму знаете на кое друго место може да се испита? Ви благодарам.
Мислам дека само тие испитуваат, ни во Систина немаше. Јас испитав пред месец дена. Барав низ други лабаратории, не најдов. А Синлаб само ги земаат примероците - и ги праќаат по авион за Германија на испитување, па оттаму се добиваат резултати. Се чека 10-14 дена за резултати.
Бидејќи се уште немам бременост после два трансфери како што разбрав целта е да се утврди имунолошката рамнотежа дали телото ќе го прифати ембрионот или ќе го отфрли како страно тело, а според резултатите да дозира терапија после трансфер од типот на кортикостероиди и слично.
Zdravo na site, mene mi odobrija vaucher no site dokumenti gi priloziv vo FZO. Doktorot rece deka trebalo kopija da nosam i kaj niv. Dali nekoja ima slicno iskustvo za da me sovetuva kaj kogo da se obratam (se javuvam nekolku pati vo FZO no nema mreza nivniot tel). Fala vi