И одличен спермограм може да има висока фрагментација во позадина и е една од причините за “необјаснива неплодност” од машки фактор, бидејќи ретко се испитува, а е значаен фактор. Знаци за ова ако нема поинакви - најчесто се неуспешно оплодување на јајце клетките или ембриоарест уште пред да стигнат до фаза за трансфер. Ако сте немале слични проблеми, најверојатно е во ред. Може да има исто така индикации во спермограмот што покажуваат на помали шанси за лоша ДНК фраг, ако е стварно ептен се во ред, но не е лошо да се испита, бидејќи секој ја има, прашање е колкав е проценот на оштетени сперматозоиди. Исто така, на нас жените ни прават 300 испитувања, а за машките само еден обичен спермограм, евентуално спермокултура, и не праќаат на ин витро, а една обична фрагментација што е огромен фактор, никој не ја бара.
A dali moze da se podnese 6 meseci posle odobren prv vaucer ili 6 meseci posle transfer / iskoristen vaucer ?