За жал нема точен правец за успех. Некои членки имале успех на друга клиника некои не се е индивидуално. Јас ти препорачувам од мое искуство малку да се опуштиш, да не се форсираш и следното им витро да го направиш кога ќе бидеш психички спремна. Јас направив пауза од скоро година. За таа година сменив начин на исхрана, почнав да пешачам и повеќе да се дружам. Првите месеци после неуспешно ивф паднав психички, се изолирав од сите што имаат деца. Ама за брзо се кренав и реков животот иде понатаму со или без деца. Фала му на Бога јас имав успешно ивф со речиси 0 посто шанси. Ми даваа ваучер за со донор за жал не фаќа менопауза пред 40та година ама јас реков ќе пробам со мои јк приватно без ваучер и ете успеа. Верувај дека Господ е голем и дава и таму каде што е речиси невозможно. Имам ќеркичка од скоро два месеци. Немој да очајуваш, немој да паѓаш психички, смени начин на исхрана, спортувај, шетај, дружи се и кога ќе почувствуваш дека сега е моментот пробајте пак. Нека не те оптеретуваат возрасни години, години брак, се е неважно. Најважно е ти да си психички стабилна и со позитивна мисла ќе видиш дека ќе држиш бебе во рака. Не знам дали си верник, ние одевме по манастири цркви, бевме и до Тумане на молитва за пород. Има такви молитви и во било која црква кај нас. Можете во Бигорски да одите. Мораш да веруваш дека ќе биде.
Срекни празници и на вас Денеска направив бета и е 937 значи успешно.... Со госппд напред сите да си дочекаат ❤️
Здраво девојки. Дали ке може некоја да сподели како се поднесуваат документите за ваучер, матичната ми рече електронски се поднесувале дали ке треба и во фондот да ги доставим ?
Ви благодарам за убавите зборови! Искрено многу ми значи подршка од некој како Вас што веќе го поминал истот. Инаку скроз како да ме опишуваш мене, буквално ме изморуваат сите средби сигурно сум во некоја судепресивна состојба. И да најмногу ме оптоваруваат годините, времето поминато обидувајќи се, буквално се осеќам како да губам контрола!
Јас родив на 39. Имав цимерка во родилна сала роди на 43. Немој да се оптеретуваш, на крајот на денот мора прво ти да си добра па се останато.
Ве молам за уште еден совет, за првиот ваучер имав доставено хистероскопија, лапароскопија, инсеминации, хормони, спермограм, хсг, ми одобрија ваучер и имав прво успешно инвитро и си замрзнав ембриони Е сега повторно ли сите тие документи да ги поднесам, ги имам само копиите затоа што оргиналите тогаш им ги дадов
На првото инвитро имав неправилно оплодување и терапијата му беше прекината ден после пункцијата, помина 1 недела но сеуште немам добиено менструација. Дали некоја била во слична ситуација, после колку време се добива ?
Како што ти кажа веќе членката и на тоа ќе додадам да обавезно барате каде е можната причина за следен пат да се превземат соодветни мерки. Верник сум и ова е Господова работа ама Господ ни дал и памет да мислиме а не да оставе работите сами од себе да се случат. Така да ако докторот каде што си сега нема одговор за можните неуспеси и не ви дава насока за дополнителни испитувања смени доктор. Немој да паѓаш на Ај да пробаме. Би те советувала за биопсија од ендометриум ( кај Петановски пред 2 год правев амбулнтски и не е болно) и сопругот да направи ДНА фрагментација. Во нареден процес обавезно во процес на стимулации и ден пред трансфер да си провериш пролактин и ТСХ. Воедно ако немаш направено дијагностичка хистероскопија би те советувала да ја направиш. Земи си одмор колку ти треба и меѓувремено направи си анализи за кои би те советувале дека би ти биле корисни . Направи чист терен од психичка смиреност и анализи започни повторно кога ќе си спремна И нека не те фрустрира околината. На секој се му се случува кога треба. На некои порано на некои покасно. Со среќа
Хм, а Хсг? Брис од ендометриум? торч? Добар ли е спермограмот? што ти кажаа за квалитетот на ембионите?
Со собраните документи одиш кај матичен, тој пополнува што треба електронски на страната на фондот, и после собраните документи ги носиш во фондот, со плус тие некои изјави што ти ги даваат таму.
Девојки ми имат останато 4 ри инекции Пролутекс 25 мг, со рок на траење до 11.07.2026. Доколку и се потребни на некоја ги подарувам. Поздрав и со среќа на сите членки што сте во исчекување за Бета