Zavisi kolku godini imas, amh, broj na antralni folikuli i slicno, mozes da probas i na priroden ciklus.Pisi mi ako sakas privatna poraka, ke ti spodelam iskustvo
Само нешто да ти кажам кај него нема утка во давање терапија мое мислење си ја знае работата и дава све од себе да имаме успешно ифв бар мене до сега не ме разочарал 10г сум му пациентка и од кејф кога сум отишла да направам контрола секогаш бил фин насмеан и знаел како да ти даде подршка и да ти ги тргне лошите мисли од глава така да немој на лошо да мислиш сепак ако господ пишал да се случи ќе се случи без негов знак и докторите неможат ништо тука главата горе без нервози и лоши мисли ако ти си смирена и телото ќе мирува ајде со среќа имаш најдобар доктор кој ќе се грижи за се во ова
Дали беше на природен циклус или со стимулации? Немора да значи дека наредната ќе ти биде празна. Многу значи и од докторот како пунктира.
Јас имав 3 пункции. На првата извадена само 1, не се разви. На втората две празни. На третата извадени 6 од кои 4 се оплодија. Со низок амх. Така да не се отакувај, не значи крај
Здраво девојки. Ми одобрија ваучер за инвитро. Е сега,како оди процедурата? После завршен циклус одам кај што ќе правам да ми дадат терапија,и дали се завршува во еден месец?
Прво со ваучерот ќе одиш кај матичниот да ти даде упат за таму кај што планираш да правиш инвитро. После се ќе ти кажат таму.
Дали кога ќе се добие ваучер, дали истиот треба во рок од 6 месеци целосно со трансфер треба да се искористи или може во рок од 6 месеци да се започне ивф постапката ? Прашањето ми е дали може 6тиот месец од добивање на ваучерот да се почне со ивф постапката или во тие 6 месеци мора се да се заврши заедно со трансферот?
Не, ваучерот важи од датумот на добивање, односно на ваучерот има датум на издавање и од тој датум во рок на 6 месеци можеш да го искористиш.
Еве сега прочитав дека осигуреното лице треба да ја започне постапката за БПО во рок од 6 месеци од испраќање на известувањето од фондот.Значи дека може и 6тиот месец да се започне
Здраво, собирам документи за ваучер и хормоните бидејќи ги немаше сите на државно, FSH и пролактинот ги направив на приватно. За FSH ја пратиле крвта во синлаб Скопје. Пролактинот го испитале таму и од реф.вредности до 35 на мене ми е 67.75. Пред да испитам 3-4 вечери немав спиено добро (што ми се случува веќе 2-3месеци пред да добијам) и ме боцкаа 2 пати(еднаш во државна и еднаш во приватна). Дали е можно тоа да е причината поради покачен пролактин? И се јавив на матичната и без да го види резултатот ми даде да се напијам достинекс без рецепта и без никакви упатства(цело/пола...) Се мислам да си проверам пак уште еднаш за секој случај пред да пијам хормонски таблети.. Дали би бил во граници на нормала ако сум одморена и убаво наспиена и дали би ми правеле проблем дека ми се резултатите од синлаб и Ројал Медика?