Микробиолошките можеш сама да ги симнеш од апликацијата Мое Здравје. ПАП-от ако е на приватно, го имаат во електронска форма кај матичната, побарај и го или ако знаеш каде ги праќа, таму директно да се јавиш. Исто и за инфективните од Генеа, јави им се, ќе ти ги пратат.
Да мене и првиот пат ми ги бараа и сега за да се запознаат со ситуацијата каква е не мора да има печати само копии
Женски дали некоја скоро правела инвитро во Плодност, и дали користела некоја од техникте и методите како Time laps инкубатор, MACS или IMSI метода за селекција на сперматозоиди или Laser Assisted hatching, да сподели искуство и цена
Немам конкретен одговор ама знам дека тука една членка пиша дека минатиот четврток и петок имало комисија. Не верувам дека секоја недела имаат комисија, еве ако знае некој кога е наредна нека пише. Иначе тебе кога ти се јавија или те известија по мејл дека ти треба дополна на документацијата?
Time lapsе инкубатор имам користено затоа што сакав да го гледам и јас развојот на ембрионите. Тогаш беше мислам 28,000 ден. Кога се ставаат ембрионите во Time lapsе инкубаторoт, нема потреба да се вадат од него за анализира развојот на ембрионот, туку се добиваат time-lapse слики затоа што во него има вградено камера и микроскоп.