Јас ја имав цистата во циклусот кога требаше да правам крио-трансфер. Докторот ми рече дека најважно е дали цистата е хормонски активна. Кај мене на 12-ти ден од циклусот прогестеронот беше многу висок, па затоа го одложивме трансферот. Следниот циклус цистата сама пукна. За подготовка за крио-трансфер пиев Cyclo-Proginova – прво ги земав белите таблети, а потоа продолжив со кафените.
Ти благодарам Собирам документи па затоа мислев да не смета ама докторката рече дека нема да ја "слика" цистата туку само јајникот. Можеби додека да почнам со постапката ќе ја снема. Уште ехо и пролактинот ми остана па да поднесам..
Треба 18 месеци така пишуваше и на фзо на страната сега како си породена природно или царски ако си царски подобро е да поминат повеќе заради тебе јас бев со царски и поднесов кога првото имаше 2 год и 3 месеци ми одобрија и пред да наполни 3 го родив и второто можеше и на иста дата да бидат но несакав, разговарај си со докторот прво сепак треба да има 18 месеци поминато
После 12 месеци од раѓањето на првото дете може да се аплицира за ваучер. @Bebce ❤️❤️❤️ 18 месеци беше според стариот правилник.
Можно е пред 1 год беше 18 месеци јас тогаш барав сега можени има измени а дали важи исто и за царски и за природно или нема врска тоа
Од јануари 2024 важи новиот правилник. Начинот на породување нема врска, условот е само детето да има навршено една година. Повели правилникот: https://fzo.org.mk/sites/default/files/fzo/legislativa/opsti-akti/pravilnik-bpo-2024-mk.pdf Член 12: Периодот од раѓање на живородено дете до повторен обид со БПО-постапка не треба да биде пократок од 12 месеци од раѓањето на детето.
Девојкии, бидна и мојот трансфер Повторно задоволна од целиот тим, не можам да ви ја доловам таа позитивна енергија, од рецепција, координатор, сестри, ембриолог до доктор. Најтопла препорака за Ембриолаб Изнакупував пролутекс, (никој не бараше извештај) после си реков може не требаше толку ама идеме со позитивна мисла
Ти посакувам успех. Да се радуваш наскоро. Како си задоволна од ембриолозите? Колку те чинеше севкупно?
Ти благодарам Презадоволна од ембриолозите. Првиот пат кога бев освен со докторот преглед и консултација разговарав и со ембриолог, денес исто дојде ембриолог и ми го објасни квалитетот на ембрионот пред трансферот. Јас сум со донор јк каде добив 4 бластоцисти, тоа ме чинеше 5.960 евра. Во цената е вклучено замрзнување на семен материјал, оплодување, замрзнување на ембриони и трансфер. Секој нареден трансфер 1.290 евра