Доколку на некоја и се потребни Пролутекс имам цела неотворена кутија (7 ампули) купени од Бугарија. Цена 2300 денари
Нема врска стоп инекцијата со оплодувањето. Стоп инекција се прима за финално созревање на јајце клетките и за да се постигне овулација. Вообичаена доза е 5000IE - 10.000IE hCG. 10.000IE е две инекции, значи стандардна доза.
Не немав, со консултација со матичниот ми кажа нема потреба, а еве сега ми бараат сигурно е задолжително да се видат резервите на јајце клетки...
АМХ бараат само доколку другите хормони како што се ФСХ И ЛХ не се како што треба а првично не се поднесува за АМХ
Девојки кога сте правеле трансфер ви се јавила сестрата или ембриологот?мене никој јас и пишав порака на сестрата да не ме заборавила за утре не ми врати од 8 сабајле и пратив порака до сега значи па не ми креваше и се јавив на ембриологот дали е све во ред пошто паника ме фати си реков нешто се случило и добив одговор дека е све во ред и дека ми закажале трансфер утре во 12. После сестрата ми крена и рече па нема потреба да ти се јавам јас ембриологот ти се јавил да ти каже кога како што уствари да не се јавев јас на нив немаше да ми се јават сигурна сум. Малку се разочарав искрено од нивна страна
Jas koga imav transver mi se javuvase embriologot toj ti zakazuva koga ke e transverot i vo kolku casot sestrite ne se javuvat i kaj mene bese taka ama kaj mene mi se javija na vreme da mi kazat jas ne im se javuvav
Сестрата ми се јавуваше за се, ембриологот ми се јави само да ми каже колку ембриони имам оплодено и да ме праша дали сакам ембрио глу метода или не сакам а за што како кога ке биде сестрата
Jas imav primeno 2 za prvoto ivf i uspesno besse, imam detence, iako ne veruvam deka na toa se dolzi uspehot... Neka ti se poklopat kockite i da vidis II crticki. Ne razmisluvaj mnogu srekno
Фала ви девојки на одговорите.кај мене не се јавија јас им се јавив и тоа 3:40 беше да не се јавев сабајлето ќе ме известија мислев се случи нешто или престанаа да се развијат па нема трансфер све ми идеше на глава но битно утре ќе си ги земам Ексимчињата мои
Здраво девојки и идни мајки Колку ми помага психички тоа што ве читам не знаете! Фала ви! Сакав да го споделам и мое патешествие. Со сопругот се обидуваме за бебенце веќе 4год. Имам полицистични јајници и нередовни циклуси. Почнав со инвитро во Систина кај др. Бојаџиев. До сега имав 2 пункции и 3 трансфери таму во изминатите 2год. Првиот трансфер ми беше успешен ама за жал заврши со спонтан во 6 недела… искрено се скршив на парчиња.. уште се собирам.. Другите два трансфери неуспешни :/ Моментално имам уште 2 ембриончиња во Систина што ме чекаат. Бев на консултација во грција, докторот беше супер не ми кажа ништо посебно само дека сме немале среќа, а персоналот таму не знаеа англиски баш и ептен не се осетив безбедно да правам таму иако многу ми ја препорачуваа клиниката. Бев на консултација и во Плодност кај др. Таше и во Органџиски. Двајцата доктори беа супер и ми ја кажаа истата работа: хистероскопија со дрилинг на јајници пред да продолжиме понатаму бидејќи имам матка во Т форма и мал септум и не сум требала воопшто да правам трансфери пред да го средам тоа прво. Во систина ми кажаа дека имам мал септум ама дека не било ништо страшно. Да ја скратам прикразната, се одлучив да ја направам операцијата во Органџиски поради логистички причини а и др. ми беше многу по присутен и по пријатен за разлика од плодност. Операцијата помина супеер и сега едвај чекам да пробувам повторно. Дали некоја од вас има искуство со ивф во органџиски и успешно ин витро после ваква интервенција? Во секој случај, не се откажувам и ќе ги свртам сите клиники ако треба. Извинете на долгата порака. Ви посакувам убава вечер ❤️
Не знам во која болница во Солун ама јас одам во Newlife IFV clinic, имаат координаторки кој зборат македонски и си се разбираш преку нив со докторот и лично јас сум презадоволна од нивниот професионален однос и третман, ништо не оставаат на случајност, ти посветуваат внимание и бараат решение на секој проблем и многу други работи. Можеш да си закажеш бесплатна онлајн консултација или да одиш таму на консултација.
Здраво мила Јас првите 2 трансфера (неуспешни) гледав повеќе да одмарам, газев како на јајца буквално.. После третиот трансфер (успешен) од болницата си се симнав по скали и функционирав сосема нормално, како да немам правено трансфер. Викаат дека не чини ни по скали да одиш а јас имам куќа на 2 спрата, дневно по 30 пати се качував и симнував. Препорака од докторот ми беше да функционирам нормално заради циркулација, НЕМОЈ ДА ЛЕЖИШ!
Здраво и на тебе Душо после секоја солза следи и насмевка така да не се откажувај еден ден ќе те израдува господ јас имав матка во форма на т и дворога ми беше и дрилинг на јајници плус и преграда имав исто и јас имам пцос и нередовни циклуси сето тоа го средив на 3пати во Систина кај Митко Ивановски после тоа имав успешен трансфер така да не се откажувај биди силна и све ќе се среди со среќа