Ги имаш во Солун 46 евра цело пакување од 7 инекции, а ги има и во Врање таму се мислам 43 евра кутија ама мислам дека таму подобро да се јавиш однапред да нарачаш за да имаат барем мене така ми кажаа на телефон.
Јас од Врање зедов голема количина, по 360 денари ми испаѓаше ампула, што е многу поефтино од кај нас што се 550ден.
Девојки ај помош ве молам каде е поефтино да се прави ифв освен систина што е пекол несакам да чекам 6 месеца? Каде би ми препорачале
Јас правев лани во март во њу борн платив околу 4500- 5000 евра. Цената зависи од тоа колку јајце клетки ќе ти извадат и оплодат. Првиот пат со една јк платив 3000 евра. Оди ќе ти дадат ценовник. Или јави се прашај.