После долго време повторно да пишам во темава... Дали сеуште во Железничар без термини боцкаат за хепатит хив и слично??
Па ако вадиш септум прашај наеднаш да ти земат брис од матката да испитат дали има воспаление на матката и дали има НК клетки убијци да не правиш два пати. Мислам дека може со една постапка да испитате се. Инаку НК клетки можат да се испитат и преку крв ама во Солун ми рекоа дека тоа не е веродостојно подобро е преку брис од маткат. Поздрав и дај боже побрзо да се израдуваш, само немој да се разочаруваш и никогаш не се откажувај.
Ти благодарам многу во Систина планирам да правам накај 7ми месец ама кој знае колку ќе ме чини тоа за да видат дали има нешто.
ДХЕА, Q10 200 сабајле 200 навечер, црвена мака, Д3 со К1, омега 3, од еден медар земав мед за плодност и матичен млеч, не јадев месо, млечни производи, шеќери и бело брашно, алкохол исто ништо и спортски активности ако вежбаш или пешачење. Јас сум мрза па пешачев само. Јадев киноа, просо, хељда, овошје и зеленчук. За ручек нормална манџа ама без зејтин. Тешко е ама се навикнуваш. Омилено ми беше марула со киноа и пченка уште си ја правам ќе бараш на интернет има интересни и лесни рецепти
Јас пијам од 50мг микронизирана, пишете на инстаграм на biotika.mk ви праќаат се што имат достапно, некој фирми ги немат објавено.
Јас правев хистероскопија во Систина пред еден месец ме чинеше 82000 ( корекција на t-shape uterus, screching на матка, испитување НК клетки ). Истиот ден ме пуштија.
Девојки јас менструација уште немам добиено после негативен тест имам нередовни циклуси но зар не би требало после негативен тест да се добие?
Ќе добиеш,јас добив по една недела.Ако си имала голема доза на прогестерон после трансфер,треба повеќе време
Лудница цениве....јас ја нарачував од iHerb за 1000 ден баш истава,испив две кутии пред втората пункција и извадив 6 jк Првата пункција немав пиено никакви суплементи извадив само 1 јк . Мислам дека DHEA направи толку голема разлика