Здраво. Ве молам некој да сподели искуство, да даде препорака за клиника во Чешка за Ивф и Пгт-М. Премногу е опширна темава, ако може некој да сподели искуство од поскоро време.
Јас не, 2 недели си седев дома. Имав многу болки 1 недела неможев асално во тоалет да одам. Немав хиперстимулација но имав многу фоликули
Здраво. Сакам да споделам искуство. Јас лично сакам да го пофалам др. Таше и плодност. Се сложувам дека има голем ред чекање, гужви и се ама резултатите покажуваат дека докторот си ја знае работата. Бар во мојот случај. После вонматерична бременост и отстранета десна туба бев на хсг во систина кај др. Јорданчо. Како прво не ми се ни претстави, макар на секунда и отприлика да ми каже со два збора што ќе се случува. Однос нула! Ја направи процедурата , цело време со некое дрско понашање опушти се ( а реално боли без анестезија ) успеав и да се опуштам да заврши и само ми рече ,,ова е за хистероскопијаʼʼ. Како прво се кажува според мене бар што е проблемот, потоа се кажува дека смета дека треба таков третман. Тој ништо од тоа. За такви суми пари ваљда пациентот заслужува и 2 минути консултација после цел процес. Па уште јас се облекувам, видно растревожена и ми довикува ,, еве ти бројче звони ке те направам јасʼʼ Молам??? Што ќе ми правиш ? Кој си ти како прво? Што е дијагнозата?? Што е хистероскопија? Јас сум со сосема друга струка, познавање од медицински работи немам. Според мене тоа беше најлошото искуство , за докторот само лоши коментари можам да кажам ( верувам дека некој можеби има сосема спротивна приказна). Господ да и даде здравје на една сестра која беше присутна на интервенцијата и само тивко ми кажа ,,барај и второ мислењеʼʼ. Фала богу тоа што го направив. По само една контрола добив сосема друго мислење од др. Таше , кој кажа дека смета дека и без хистероскопија прво треба да се проба и дека доколку дојде до спонтан тогаш би правеле хистероскопија, и по 2 месеци се случи успешно ( од прва) инвитро. Родив здраво девојче пред неколку месеци во плодност исто. Бев покриена со голема терапија , прегледи редовни, и огромна подршка од целиот тим. Така да само позитивни коментари за нив , и би правела повторно кај нив доколку се одлучам на таков чекор.
Јас не одев, поради тоа што естрадиолот ми беше преку 9000 вредност и лежев во болница. Воопшто не мочав и имав преку +7л вода во абдоменот.
Профилов ми изгледа како нарачан. Ниту еден пост до сега,па случајно реши да се огласиш кога го искритикуваа Таше. Па и Фемина во моментот објавија статија за Плодност. Не сум била никогаш во Плодност и немам ништо лично против докторот,освен тоа што по рилсови,ин витрата со ваучер ги нарекува ВОЛОНТЕРСКИ. Како ние да сме сиротињи и он да не зема пари од фондот,туку без пари ги прави. Пренесете му го тоа.
Кога јас бев кај доктор Таше да се договориме за ин витро пошто и јас сум со ваучер, ми рече супер што ви даваат ваучери ама ние скоро волонтерски ја работиме цела работа. Договорот што го склучиле со фондот пред 20 години бил уште непроменет и му плаќале само за материјалите што ги користеле а вика се е поскапено сега ама вие пациентите не сте криви за то. Неколку пати се има спомнато во темава дека ги нарекува волонтерски еве чисто сакав да споделам на што точно мисли. Јас сеуште не можам да споделам искуство затоа што немам сеуште направено ин витро кај него, ама досегашниот впечаток ми е дека навистина има многу знаење. Да, се чека многу за преглед пошто секогаш е премногу гужва и да, можи да се испонаша неубо на моменти ама на крај краева не одам да си прам муабет со него, одам за помош и одам затоа што е ептен стручен. Па здравје ќе видиме како ќе поминам со ин витрото.
Волонтерски-не заработуваат колку што би можеле на приватно.Тука е нивниот проблем. Затоа што цените се просто нереални.
Тоа сакав да речам. Не навлегувам колку точно им исплаќа фондот,ама реално сигурно немаат трошок 5-6000 евра за едно ин витро.
Успешните инвитра преку фондот кај него се чиста случајност, а не дека се ангажира во постапката. Не го интересираа никакви резлутати од испитувања и целата постапка се одвиваше механички колку да си го наплати ваучерот. На сето тоа ги искористив сите методи што ги нуде клиниката. Секако не беа од никаква помош кога на денот на трансфер мојот пролактин беше 46. Најголемата грешка во мојата борба беше Плодност и во никој случај не помислив да му дадам втора шанса. Многу, многу лошо, горко и понижувачко искуство имам со нив.