Здраво , се спремаме за второ дете . Имаме замрзнато ембриони , сакам да поднесам документи за ваучер . Дали може да ми кажете што треба сега од документи ?
Правевме испитувања на имунологија за мене: кир-хла лиганди, нк клетки, тх1/тх2 клетки, антитела комплет, витамин Д и хомоцистин, и за сопругот кир-хла лиганди и цвд. Веќе цел месец нема резултати. Јас денес добив и матичната ми вели да одам да почнеме со инвитрото.. Дали тие резултати доколку не се во ред би имало некаква улога за време на стимулацијата, или повеќе се за имплантација? Секако ќе го прашам докторот утре, ама би сакала да слушнам и од Вас искуства...
За ваучер за ин витро од Фондот, бараат инсеминациите да се преку еден или преку два месеци направени?
Најмногу ми се допадна кога рече дека статистиката не е само да остане бремена, туку да роди. А не само да си бројат успеси кои за жал половина завршуваат прерано
Продавам 7 ампули пролутекс набавен од србија цена 2800 ден колку што е купен, додека 2 ипол кутии естрофем подарувам. Контакт тел 070 252 815
Точно. 50% од успехот е да се дојде до бременост, но 50% е да се износи бременоста до крај. Од една клиника, секоја недела објавуваат ПР видеа, за успешни инвитра, 7ма недела со срцева реакција, но тоа е прерано да се прогласи успех на инвитрото, треба до крај да се следи бременоста па тогаш да се смета за успешно.
Јас кога имав трнсфер со 3дневни ми покажа на 9-10 ден.Ако имаш примено стоп инекција е најдобро да почекаш барем 12-13 дена после инекцијата.Јас еднаш мерев со тестови кај мене се исфрли дури 12ден откако ја примив
Другарка ми кажуваше дека редици се чекале кај него дури работел (мислам) во Ремедика. Одличен доктор е и од Систина него би го избрала пред Ивановски или Лазаревски бидејќи знам дека доволно време ќе ми посвети.