Нјадобро е да се консултираш со ендокринолог.Сите ние земаме суплементација,јас некогаш се прашувам и дали навистина функционира и поголемиот дел е само маркетинг.Преголеми терапии само за да се покрие се-а дали навистина треба?
Поздрав. На 20ти мај аплицирав за ваучер за инвитро (се надевам дека ќе биде потврден без потреба од дополнителна документација). Се прашувам дали е време за прва консултација, запознавање со докторот каде би ја правела процедурата или да чекам откако ќе го добијам ваучерот? Двојбата ни е помеѓу д-р Татјана Њу борн или д-р Таше Плодност. Плодност ни е опција бидејќи сум од Прилеп, а не знам колку често ќе треба да се прават посети во клиниката. Но односот и недостатокот на емпатија таму, ме одвраќа од идејата. Што мислите вие? И уште ова, матичната воопшто не ми сугерираше да проверам проодност на јајцеводи. Дали да инсистирам или не? Според нејзе тоа што пробуваме повеќе од 1 година, до сега немам родено, со АМХ 1,11 и 40 годишна возраст, плус олигоастенотератозооспеемија не треба да губам време и да одам диреткно на инвитро
Според тоа што има проблем кај мажот (и маж ми ја имаше истата дијагноза) предлагам да одиш во Плодност. Другите клиники би ти биле губење време, со оглед на тоа што Плодност имаат дополнителни методи за оплодување.