Кај мене ембрионот престанал во 8ма недела да се развива и на извештајот ми пишуваше дека е 15 цм. Откако дознав дека нема срцева акција ме прашаа дали сакам со киретажа или сам плодот да излезе. Јас одбрав сам да излезе и по два дена имав јаки менструални болки и седејќи над шолјата излезе парче но како помало од 15 цм ми изгледаше. Кај тебе сигурно е помал плодот. До сега 4 други доктори имам прашано и на ехо викаат дека е сѐ чисто нема траги од плодот и се ми е во ред со хормоните а не можам да забременам. А да си прашаш на друго место што викаат за киретажа?