Јас лани во јуни од како поднесов документи добив одговор за 5 дена,оваа година исто во јуни добив одговор за 8 дена. На меил. Не е како порано да стига по пошта и да се чека минимум 30 дена.
Јас сум кај него. Ако има многу гужва не ти посветува многу внимание. И задоволна и не. Некогаш има поинаков пристап, се набрзина некако а некогаш е многу внимателен и да те ислуша и советува...
Здраво, пиев генанте, q10(480мг), витамин Е 100iu, витамин Д3 2000iu+К2 75mcg, omega 3 од 1000, метил фолат од 1000 се до пункција. Само генанте ми беше даден од докторот и кога проверивме витамин Д(претходниот месец) ми даде да пијам само витамин Д. Вчера имав пункција и денес прашав дали да продолжам да ги пијам суплементите(прашав само за генанте и вит.Д) и ембриологот ми рече да си продолжам со нив. Од витамини вчера ми даде плус имприл. Сега не знам дали да ги пијам омега, q10, витамин Е и фолна (во генанте и во имприлот има 800мг метилирана, да не е многу да пијам плус уште 1000) и дали да си продолжам со Д3+К2 (да не има некаков проблем со трансферот) или да земам само Д3. Пред еден месец вредноста на Д3 ми беше 30. Ви благодарам
Здраво девојки да прашам дали знаете кога следно ќе има комисија месецов,јас поднесов документи на 11јуни…
Во врска со празните фоликули кои ги форсираат при инвитро кај нас ,тетка ми многу покушаји за инвитро изгуби поради тоа .. Затоа и го поставив тоа ,за сите на кои ќе ви кажат дека фоликулите биле празни ,да не го прифаќате тоа
И што можеш да направиш после пункција кога нема назад,освен да смениш клиника.И да прифатиш и да не прифатиш не можеш во тој момент да смениш ништо.На крај секогаш има некој празен или недоволон созреан.Не растат исто сите фоликули,некој ќе почне да создрева наеднаш некои ќе каснат
Здраво на сите, Би сакала да слушнам мислења и искуства од жени кои имале слична ситуација. По години борба 3 ивф, 2 спонтани се случи чудо! Последна менструација: 02.05.2026 Имав повеќе позитивни тестови за овулација во периодот 10-15 мај, а односи имав од 10.05 до 25.05, последни на 24-25.05.(бидејќи сопругот не е често во државата па точно знам ) Првиот позитивен тест за бременост ми беше на 02.06.2026 (бледа линија). β-hCG 06.06 – 145 11.06 – 1144 Денес 15.000 Вчера бев на вагинално ехо. Се гледа гестациски сакус во матката со големина околу 1.3сm, но докторот не виде yolk sac ниту ембрион. Не коментираше многу, само ми закажа контрола за 7 дена. Имам ПЦОС и тромбофилија веројатно затоа е можно доцна овулација имплантација, но не ми е јасно. Дали некоја имала слична ситуација и кои се шансите по една недела да се појавил ембрион и срцева акција или ова ќе биде уште една лажна надеж? Благодарам однапред на сите што ќе споделат искуство. ❤️
Kaj mene na 6.4 nedela ne se vide embrion prazen sakus bese otidov na vtoro mislenje istototo mi go rekoa i naredniot den vo skopje na drzavno tret doktor me gledase i toj istoto go potvrdi i zavrsiv na kiretaza daj boze kaj tebe da ne ispadne taka.
Па може да им кажете барем да знаат дека не го прифаќате тоа како одговор / оправдување за нивното незнаење ,кога сите ќе им укажуваат на тоа ,може ќе го сменат протоколот ,и ќе направат тој да биде индивидуален а не ист за секоја пациентка .
Мислев на протокол во врска со празните фоликули ,нека каже еве некој друго искуство кај нашите клиники во врска со празните фоликули
Каде го боцкате клексанот? Во аптека ни кажаа да се боцка во рака на 45°, а во упатството пишува во стомак на 90°. Од денес треба да ги примам..
Во рака клексани, во стомак пролутекс. Кога ќе почнеш да се боцкаш со пролутекс верувај дека нема да има место на стомак и за клексани.