Ajde ke vidime, jas sakav da ja prekinam terapijata i da si dobijam ciklus na raat. Cudno e, bidejki sabajlevo testot bese negativen, bez dvoumenje. Kojznae sto e visitnata.
Направи, ќе видиш на што си. Кафеавиот исцедок можеби е и имплантациско. Стискам палци за висока бета!
Штом има втора линија, а ја има, се гледа убаво, не би требало да е невалиден тестот. Ако имаш дома тест, повтори го. Да сум на твое масто, не би чекала до утре. Слична ситуација имав и јас на 9ти ден. Утрински тест негативен, но попладнето си покажа втора линија. Не е рано 10ти ден за бета. Држиме сите среќа за убава бета.
Незнам кај кој др си ама Таше многу ги форсираше ЕРА, ЕМА и АЛИСА Од читање и од консултација на повеќе доктори никој не ми ги препорача. Скапи стари не доволно испитани методи кои ретко кој ги препорачува. Без овие тестови јас имам успех. Сето она што го нудат тие тестови докторот при следење за трансфер треба да види кога треба да направи трансфер а преку биопсија на ендометриум кое е амбулантно и не инвазивно и не скапо може да се види дали има некое воспалување на ендометриумот. Повеќе ми има смисла за препорака на ПГД на ембриони метода која незнам дали и колку добро знаат ембриолозите да ја направат и за барање на проблемот кој во ИВФ приказните некогаш е без пари ама нема кој да посвети внимание, отколку да се дават пари за тие тестови. Но одлуката си е ваша. Провери се добро и ендокринолошки . Од стимулациите некогаш настанува дисбаланс на други хормони како тсх и пролактин. Иначе за ЕРА... мислам дека во последните година дена форсинг има и во њу бори.мада не сум сигурна. Кој ти ги препорача тие трстови?
Фала ви за поддршката! Бета 50,5 на 10 ден од трансфер. Искрено, збунета сум скроз, а и исплашена, особено затоа што имам 47 години. Ова е и прв пат да добијам позитивен тест, и тоа со последните замрзнати ембриони. Се надевам дека се ќе биде како што треба
На ивој се гледа втора линија и тоа убаво се познава на сликата, а каков тест правеше сабајлето јас имав такво искуство првиот пат со шурчек беше негативен додека после тај направив еден незнам како се викаше околу 30-40 денари беше и беше позитивен и на крај така и беше сега дечкото е скоро 4 години сега за второто само од тој си земав евтиниот и исто позитивен веднаш покажа, сакав да кашам дека може нешто до тестот да е
Одлична бета за 10ти ден! Браво! Јас на 46г втора бременост истерав без апсолутно никаков проблем, со многу енергија и многу патувања. Со еден збор, не застанав. Така си продолжив и сега со бебе. Многу ми е мило! Со лесно и позитивна мисла до крајот на бременоста!
Конечно клексаните на позитивна листа https://nezavisen.mk/antikoagulansi...a-pozitivnata-lista-od-juli-najavi-klekovski/