Нешто ме мачи, па ајде да ве прашам можеби некоја ќе може да ми помогне со една дилема. На 25.06 правев трансфер на 3дневни ембриончиња, вчера на 28.06 се боцнав со половинка Овитреле а докторот ми рече тест преку урина на 06.07. Е не е некако рано? Сега читав дека бета хцгто од инекцијата се задржува и до 10 дена во организам што може да покаже лажно позитивен, нели?
Те прашав затоа што првиот пат правев таму извадени 4 ј.клетки 2 се оплодиле ,другата ден ми се јавиа дека се распаднале шок беше за нас а само што се израдувавме. Не би одела веќе таму затиа што секој ижа свој маркетинг трик..не прашуваа дали сже со ваучер или привт.на секое...прв пат коа закажав јажав сопругот го чекам од странство и кога отидовме веднаш знаеа дури си запишале дека сме од странство и секое испитување таму беше..а терапијата од нивна аптека со кои "соработувале" пералана за пари. По др клиники др сами ти викаат оди напрај ажх, или крв или бждр на држав.зш да даваш пари овде на приватно респект за др клиники. Сега правев 3 то ивф 11 ден сум и очекувам дај боже
Пијам фолна, б12, премама и Д витамин. Вежбам и гледам да не се нервирам. Тироидна е во ред. А д цимери немам проверено. Фала ти многу
Пред сè, дај Боже сите со позитивен исход – без разлика каде и кај кој доктор. Барем според моето искуство со Плодност, можам да кажам дека никогаш не сум добила впечаток дека им е важно дали постапката е преку ваучер или приватно. Јас бев со ваучер, а трансферот ми важеше и за замрзнати ембриони, бидејќи поради хиперстимулација беше одложен. Што се однесува до аптеката, мене ми оставија впечаток дека едноставно те насочуваат каде сигурно ја има потребната терапија. Не сум почувствувала дека некој ме принудува да купам токму од таа аптека. Напротив, според мене е фер што, без разлика дали е викенд, празник и неработен ден, можеа да ми кажат каде ја има терапијата. Според мене, баш убаво што ги следат потребите на Болницата, а секако дека не мора да се купи од таа аптека. Исто така, лично никогаш не ми побараа некое испитување задолжително да биде направено кај нив.
Вадењето јк е со мала анестезија ќе спиеш околу 20 минути, нема болка, нема ништо,после тоа пиеш терапија. А хормонската терапија колку и да е страшна, ако нема друг начин тоа е. Не размислувај многу. Почни. Има овде многу што и од прва им успеало. Не се знае.
Најтешкиот дел е психичкиот. Како што напиша и членката претходно, во оваа постапка едноставно треба да влезеш психички подготвен – со надеж дека ќе успее, но и со план што понатаму доколку исходот не биде посакуваниот. Кога ќе започне постапката, многу значи да се задржи позитивен mindset. Искрено, хормонската терапија воопшто не ми претставуваше проблем . Попредизвикувачки ми беше ослободување од работа, со честите контроли. За мене олеснителна околност беше тоа што имав frozen трансфер поради хиперстимулација, па организмот имаше доволно време да се опорави. Инјекциите не ги чувствував, а по пункцијата за околу половина час веќе бев будна. Тој ден бев малку поспана, но веќе следниот ден се чувствував како нова. Најтежок момент, барем за мене, беше чекањето на развојот до бластоцисти – неизвесноста... Потоа следуваше подготовката за ФЕТ трансферот. Наше е да останеме позитивни, и да се надеваме дека дошло нашето време и да знаеме дека се работи на вистинскиот фактор. За жал, кај нас многу често се прават ИВФ постапки и без инвидуален пристап.
Ovitrele inekcijata zosto se dava?Prvite dva pati koga bese neuspesno inv ne ja primav.Tretiot pat posle transver primav ovitrele po polovinka na 2 dena.
"Примањето на Ovitrelle по ембриотрансфер се применува како хормонална поддршка за подобрување на шансите за имплантација на ембрионот. Иако примарната улога на оваа инјекција (која содржи хуман хорионски гонадотропин - hCG) е предизвикување овулација пред пункција, нејзиното користење по трансферот има специфични медицински цели." Џпт вака вели. Мене ми ставија половина инекција одма после трансфер и половинка после 3 дена од трансфер. Кога ти беше третиот трансфер тебе?
И мене ми треба искуство за Њу борн ако со ваучер не дојде до трансфер дали за следна постапка ќе ти го прифатат трасферот да биде платен со ваучер а се останато приватно ?
Веќе од утре ќе почнат со рецепта и е ново и за аптеките и за матичните. Најубаво со матичен да видиш бидејки како што видов јас во известување никаде не ги пишува трудниците и тие како нас а реално највеќе ги примаат
Јас вчера бев кај матичната и кога ја прашав ми рече за вас ќе си продолжи со извештај од специјалист и рефундација, не спомна ништо за на рецепт.. Секако треба утре да купам нова кутија па ќе видиме како ќе биде во аптека
Можно е оти во соопштението од фондот ги пишува само тие со операции скршеници мозочни удари а никаде не прочитав за трудници .. е сега па ќе речам ќе почекаме ќе видиме може ќе сменат нешто во дијагнозите..
Здраво, Дали некоја членка знае од кога до кога е на одмор др Митко Ивановски, Систина? Сестра Сашка не се јавува.
Дали некоја од вас можеби знае дали во фондот би ми го прифатиле рецептот од њу борн за поврат на клексани ?