Не можеш со рецепт да правиш поврат, ти треба извештај од специјалист на гак за рефундација и тоа со клексани купени од датумот на тој извештај
Zdravo Dali moze nekoja zenska da mi kaze koi dokumenti treba da gi imam za da dobijam vaucer so donirani JK Fala❤️
Девојки јас сум тотално разочарана од односот на др. Трајковски од Newborn. Тотално незаинтересиран. Јас го прашувам но он него не добивам одговор. Поднесов за ваучер за ифв но ми бараат уште една 4та иуи и отидов во Newborn кај Трајковски и некако се набрзина како да сакаше да ме откачи многу брзо и се мислам за ифв ако треба каде да идеме. Ве молам за ваше мислење, од кои клиники сте задоволни? Доктори, однос? Ви благодарам.
Баш ми е Жал дека така сте го доживеале....јас сум кај него и сосема спротивно мислење имам четири пати по ред кај него не изгубив доверба а досега три пати неуспех имавме.
Се јавив и матичната да ја прашам рече само да однесам рецепт од каде ми е препишан и таа ќе ми даде рецепт за во аптека за преку фонд да ги земам . Утре ќе одам баш и ќе видам дали е така едноставно сега веќе. До сега никогаш не сум рефундирала клексани,ама кога може зошто па да не, да се спаси некој денар плус и онака се исцедивме за инекции,за вагиналети,за таблети....
A hormonskata terapija kako ja podnesuvate? Sto davaat obicno vlijae li mnogu na mentalnoto i psihicko zdravje?
Девојки Ми останаа 2 кутии пролутекс па ги продавам Една кутија 3000 денари За жал не сум во можност да ги поклонам
13 ден од трансфер 3 дневен ц6г2 Вчера на 12 правев домашен тест clear blue дигитален покажа негативно, утре имам закажано за бета. Што мислите вие дајте ми надеж Ова ми е 3 то ин витро
Искрено, никој од докториве не се замарат нешто посебно за инсеминација. Мсм дека му е повеќе онака колку да се напрај ради реда па да се оди на ин витро. Што е секако погрешно пошто има и успешни инссминации. Така да не се базирај на заинтересираноста за инсеминација, за ин витро е сосема друг пристап.
Додека чекаш да одиш некаде за второ мислење,што се подразбира дека треба да го направиш кога веќе не си задоволна од односот на Трајковски,мој совет ти е да му дадеш уште една шанса. Јас уште не сум стигнала до трансфер кај него,но сум задоволна од исходот од пункцијата,што сум уверена дека е резултат на неговата стручност како ја изведе терапијата. Секогаш ми враќа на вибер,дури ми ѕвони да се слушнеме и да ми објасни и да ме утеши. И јас кога бев првиот вториот пат кај него беше повуци потегни за многу работи,додека се погодиме со карактерите и почнам да му верувам целосно. Ова не е реклама и не е фалење,уште не сум успеала кај него,ама дека е стручен е многу и дека знае добро да се однесува знае,само некогаш може не му е денот,што апсолутно не оправдувам. И да,некогаш не сака многу прашања,сака да си работи како знае и умее.И јас го бомбардирав со прашања и се осеќаше како да не му верувам,ама се научивме веќе кои сме што сме.
Не сакам да те разочарам но 13ден веќе би требало да покаже но надевајсе на најдоброто и немисли негативно се надевам утре ќе не израдуваш сите со среќа
Здраво женски, сакам да споделам мое искуство за Плодност - Битола... веќе втор пат одам и втор пат чекам со саатови, докторот овој пат ми кажа на втор ден од циклус за да видиме антрални фоликули, влегов едно што беше разлутен дека заради тие со втор ден му се стварала гужвата и јас му викам па ти ми кажа така да дојдам... друго на ехо не се појавија антрални фоликули воопшто... само ми е чудно зошто не ми дава слики од ехо... и неговиот постојан муабет, дојди за два месеци пак, пиј си ДХЕА па ќе видиме ако не се појават фоликули не можеме да правиме ивф, а уште 3 месеци имам од трајноста на ваучерот, ниту да се испозамара мислам дека ние со намалена оваријална резерва сме позахтевни случаи и треба почесто следење, и истиот циклус одам на државна, пред овулација на 11 ден од циклус имав 3 фоликули на десен два од по 11мм и еден 6мм, лев јајник со 19мм доминантен фоликул, а докторот од Плодност ми кажа дека десниот јајник ми е фибросан (нефункционален)... и кажете ми сега вие советувајте ме што да правам и во што да верувам... Се извинувам за долиот текст, но морав да си кажам...
Да не ме сфатиш погрешно ама летно време не се прави им витро. Оптеретени се со одмори. Прво еден нема, па друг, па трет, па сестра нема, па за пункција еден доктор, за трансфер друг. Ужас.
Да одиш на друго место уште претходно ти кажав. Немаш ти време за губење. Плус тој Таше како ме нервира, не викам не, многу успешни приказни има, ама тоа понашање надмено не можам фацата да му ја гледам.
Од хормонската терапија првично ќе ти се подуе стомакот. Во однос на психичко и ментално здравје кај мене барем немаше никакви промени. Се зависи како ќе се чувствуваш ти независно од терапијата. Не размислувај толку. Треба да расчистиш со себе, сакаш бебе или не сакаш. Ако сакаш како што сакаме сите тука на форумов нема да се оптеретуваш толку со терапијата или можни последици. Ти кажав можеби ќе успееш од прва па нема да имаш многу хормони примени. Ти некако влегуваш во приказнава спремна за неуспех. Само реши се дали сакаш или не сакаш бебе, колку силно го сакаш и по која цена, се друго е неважно.
Да оддамна сите ми рекоа да сменам клиника и сега планирам да го направам тоа, па ќе ве известам како сум задоволна од New Born - Владимир Трајковски
Мене вака ми правеа не е важно која болница.Дојди после,ајде друг пат да почекаме,цела година на одмори,па ајде наредната година,наредната.Мислам дека работат само во март,април,октомври и ноември,се друго се по одмори,тоа е невидено безобразие.Секој има право на одмор секако,ама толку е осетлива работата оставете си замена.Јас така се изнададов илјадници евра за подмладување само да добијам уште еден ден барем да се борам за шанса за живот,за фамилија.Доаѓав спремна со диети со се.Утре,утре и на крајот престанав да добивам па со плачење на глас си отидов.Тотална неодговорност за жал. Не знам што да те советувам искрено,ти знаеш дека ти е важно,не можам да ти кажам оди кај друг зошто за жал во земјава секаде е истото туку смени и оди кај тој што ќе се нафати и да те следи и се веднаш и терај си работа.