Не грижи се,се слуша и се знае и памти за секој случај туку не сака да губи време за него небитни работи, пример лани му почнав муабет за ПДГ за хистероскопија и слично ми смени тема за на крај кога ме испрати ми рече те молам не читај и не слушај други искуства знам јас што и кога да правиме.
Хормонската терапија јас барем ја поднесував добро,фукционирав нормално и дома и на работа.Да мала главоболка,вртоглавица ама ништо страшно.Психички одлично,можеби на некој ќе му е чудно јас се радував дека правам нешто.Кога не правам и не бидува природно се чуствувам немоќно.Вака имам надеж дека можеби ќе биде.Желбата е голема
Јас би те советувала да смениш клиника. Точно, имаат многу успешни приказни, ама тоа таму со чекањето не се издржува. 2 инвитра имам таму правено,едното беше лани, второто сега скоро и се случуваше од сабајле во 8 да одам, а да завршам во 15-16 часот што не е воопшто хумано. Немаат почит кон туѓото време. За целиот тим немам лоши зборови, океј се, истото ми го има кажано и мене за ова со втор ден дека му правиме гужва ама јас не го ставив воопшто на ум, дури не му ни одговорив ништо.
Se ke izdrzime samo dajboze da ima rezultat.Privatnive kliniki nasle nacin da zarabotuvaat dobro,samo neznam Dali imaat vistinski uspeh,dali se ragaat bebinja,ili samo lazno se nadevam.
Здраво на сите! Сакам да прашам ако има некој искуство со трансфер со замрзнати ембриони, дали сте биле на природен циклус или стимулиран со хормони... И во врска со циклусот после стимулација и пункција на јајници дали имате приметено дека е поразличен од претходните (денови на траење, пообилен или слично...) Фала ви многу
Јас имам трансфер на замрзнат ембрион на скроз природен циклус ( втор после стимулацијата), успешен Јас бев на краток протокол, 10 дена на бемфола и само првиот циклус после тоа ми беше многу болен и пообилен, следниот кога го направивме трамсферот беше нормален како и секогаш со точна овулација на 13-ти ден.
Прашав дали Њуборн може да ми даде извештај ми рекоа само рецепт ќе ти дадеме па матичен ќе ти даде рецепт за преку фонд ама врска нема,неможе така матичниот вели Мора извештај од специјалист па со тој извештај да ми даде рецепт за преку фонд. Дали може на трансфузиологија попладне да се отиде со упат за да земам извештај и како оди тоа да кажам само дека ми треба за ембриотрансфер и ќе ми дадат без проблем? Досега ниеднаш не сум поднесувала за рефундирање,си ги купував приватно.
Ти веќе правеше трансфер? Извештај можеш да добиеш од трансфузиологија ама таму малце потешко знаат да пишат затоа посигурно ти е гак. Е сега дали може да добиеш одма термин е друг мубает, затоа што ретко има од денес за утре освен ако може некако со приоритетен. Како и да е клексаните мора да ти бидат купени од датумот на тој извештај, се што е пред тоа не се важи. Јас искрено не би се малтретирала во овој период за рефундација на една кутија, дај боже да дојде до бременост па после фати си со ред термини секој месец и поднесувај си редовно
Не сум правела сеуште трансфер , здравје наредната недела би бил трансферот,почнав со естрофем од втор ден циклус ама од вчера веќе боцкам и клексани
Матичен гинеколог треба да ги даде упат за трансфузиологија за ивф дека ти се потребни клексани они ќе ти дадат извештај и тој ќе ти послужи после за рефундација
Devojki edno prasanje.Podnesovme za vaucer za invitro ,za vtoro dete,dali nekoj znae komisijata koga se sostanuva?koi datumi im se?blagodaram na site
И јас не сум рефундирала до сега, па затоа ќе се надоврзам со уште едно прашање На трансфузија одма пишуваат извештај или треба да се направи боцкање и анализи па после извештај? Јас не смеам многу да се движам и се ова ми делува сложено
Бидејќи си бремена многу веројатно е дека ќе ти дадат прво за д-димери и хемостаза да се боцнеш. Но, немаш потреба ти да чекаш за извештај од трансфузиолог, стига после кај матичниот. Инаку и од клиниките за гинекологија може да земеш извештај за клексани, но и тогаш ќе ти треба резултат од д-димери и хемостаза. Во секој случај добро е да ги контролираш барем еднаш месечно. Само распрашај се прво да не измислиле некоја нова процедура со измените во законот, затоа што фондот нешто мрчи на тема клексани за ивф и трудници.