А јас што сум за криотрансфер,немам извештај од пункција и трансфер мене ми ги даде Трајковски пред трансфер да се боцкам.
Имам останато 4 пролутекса, 1 кутија циклогест, една лента имприл, Аспирин протект. Ги чувам на собна температура. Ги подарувам. Предност имаат оние од Гевгелија, Валандово или Струмица бидејќи им е поблиску за да си ги земат со кола. По карго не ми е сигурно да ги праќам по овие жештини. Заинтересираните може да ме контактираат во порака.
Ne mi se veruva sto citam...Znaci nekoj kliniki i doktori pocnaa da biduvaat samo manekeni za reklami i snimanje reelsovi ccc sramota
Извештајот што ќе стигне кај матичната е без печат? Дали за рефундирање го признаваат? До сега сум поднесувала оригинален извештај што ми го давал трансфузиологот
Колку што знам со истите документи што се поднесуваат и ако имаш над 45 или 46 години не се секавам кака беше точно возраста или ако АМХ е под 1, автоматски ти даваат ваучер за донирани.
Здраво, дали ви се има случено бета да ви биде на долна граница на 12 ден со три дневен трансфер, а на тест домашен да ви покаже бледа втора линија? За 2 дена треба да ја повторам бета да се види дали ќе се качува, прашањето ми е дали би се качила би имала позитивен трансфер или да се помирам дека ова ивф е безуспешно. Ви благодарам и на сите ви посакувам среќа и успешни ивф трансфери
Соборки, искуство со пдг генетстко тестирање на ембриони во ивф клиниките кај нас, ве молам за цена и и кој каде ги праќа? Не знам што е ова,на слепо враќање кој 3ти кој 5ти ден, во видеата по тик ток што кажуваат искуства не почнуваат трансфер без нив. Фала❤️
Јас имам искуство со new born со 5 дневни ембриони. Не се сеќавам дали беше 24 или 25.000 денари од ембрион, ги праќаат во Турција а резултати има за 2 недели. Ти даваат и документација за квалитетот на ембрионите, таа е на англиски. После прв трансфер успешно, еве тераме 31ва недела
Супер, баш ми е мило! Ние правевме прво ИВФ во јуни и веднаш тој циклус вративме една бластоциста на 5ти ден ама за жал беше неуспешно. Овој циклус само трансфер на замрзната бластоциста и тоа на природен циклус, еднометриумот е добар (дебелина и структура) а фоликули имаше само мали и немаше доминантен ниту еден. Ми рекоа дека можеби е така од претходниот стимулиран циклус бидејќи се случувало да треба малку време за да јајниците да се вратат во нормала. А и менструацијата после првото неуспешно ИВФ ми беше малку поразлична од претходните, обично ми трае докај 5 дена но овој пат 7 дена... Рекоа дека ендометриумет е спремен за трансфер и овој пат примав само инекција за индуцирање на овулација (иако немаше доминантен фоликул) и од вчера вагиналети прогестерон. Затоа прашав дали некој од вас имал слично искуство... Поздрав
Благодарам и со лесно до крај Како изгледа тоа. Стимулираат,пунктираар, ги оплодуваат и тој циклус нема трансфер. Туку наредниот (ако е се во ред), се оди со фет трансфер само на тие кој поминале на тестот, така? Па веројатно се планираат и идните трансфери. Извини за долгото прашање. ❤️
Да, на 5-от ден ќе ти се јават да ти кажат од колку ембриони можат да направат биопсија за да пратат примерок ( кај нас од 5 ембриончиња, на 4 направија биопсија и 3 од нив беа спремни за трансфер). Потоа ги замрзнуваат до циклусот кога ќе бидете спремни за трансфер, јас лично се одлучив да почекам 2 месеци пред да направам трансфер Останатите си седат замрзнати, здравје за во иднина ❤️
Девојки каде ги носите примероците од брис за ендометриумот ќе правам во чаир но докторот ми рече дека сами пациентите ги носеле ама и он ќе.се распраша па би сакала да знам и јас? Иначе пак хистеро ќе правам