И јас прашував многу пати не дознав, мислам дека нема онлајн за поднесување, документите мора да ги однесеш прво кај матичниот гинеколог, од таму поднесуваат барање па потоа во ФЗО. Одговортот стига по мејл, тоа е разликата и не ти треба упат потоа за да го искористиш ваучерот.
Сега се збунив,ништо ми немаат спомнато дека матичната треба онлајн да прати а ниту од фонд ми побарале,си ги однесов во фонд документите,ми вратија на меил одговор за докомплетирање ,однесов тоа што ми бараа и сега чекам да ми одобрат
Хистолаб за хистопатолошка анализа а за микробиолошка можеш било каде по лабораториите, јас носев на микро во Систина.
Здраво женски. Едно прашање, дали некако можам да ги добијам назад документите за да направам копии што ги подадов во фзом за ифв? И каде би можела да се обратам за да ми даде некој инфо? Ви благодарам.
Можеш да си извадиш копии од мое здравје или од матичен. Ако ти се на приватно правени секако можеш да побараш копии.
Како се вадат копии од Мое здравје? За ПАП конкретно, пишува наот е во PDF документот, а не гледам документ.
нема за пап, сега ми текна дека резултатот е рачно напишан, затоа го нема, од лаборатоите испечатените резултати ги има. фала
Инсталирав мое здравје, ми дава податоци од мајка ми со мојот е-маил и мојот број. Не знам како е тоа можно и како да го оправам тоа... ♀️♀️
Дали некогаш онлајн мајка ти си ја регистритала или си дала твој број или мејл за неа на лекар. Може затоа не те наоѓа тебе. Ама најдобро да прашаш. Инаку нема опција за симнување ама можеш со сподели опција да си пратиш на себе на вибер или месинџер.
Матичниот ми кажа сама јас ги носам, уствари само одговор вика на мејл ќе добиеш. И уште нешто дали знаете можеби, образец за претходно користени бпо на товар на ФЗОМ дали треба да се однесе и завери во фондот?
Јас од овде си ги испринтав сите 4 обрасци и ги однесов заедно со документите, а дали сите им требаа не знам. https://fzo.org.mk/informacii-i-obrasci-za-biomedicinsko-potpomognato-oploduvane