Не е за мене.Се надоврзав на членката што пишуваше.Имам правено прво ХСГ.И потоа два пати хистероскопија, затоа ми беше чудно.
Како помина со докторот ти среди тоа што требаше..јас за една недела ќе треба кај него да правам хистеро септум ќе вадам 1виот пат исто во чаир но не го извадиле се надевам докторот ќе ме среди
Подобро да одиш гинеколошки да го решиш тоа значи Тофовски од клиника го препорачуваат и Димитров од Систина. Каде правеше повеќе ин витра и инсеминации?
Добар ден, јас само како информација бидејки денес добивме конечно известување во Аптеките.. Трудници може да земаат клексани и фраксипсрини на рп само со дијагноза Z92.1 со Извештај(Копија) од гинеколог специјслист што работи со фзо плус печатенс рецепта. Останатото си го знаат матичните за рп како да ги пишат .. битно од денес може да ги земате на рецепта
Doktorot bese ok, dojde posle operacija mi kaza sto se sredil i sto treba da prevzemam ponatamu, zadovolna sum od nego i od sestrite tamu.
Здраво, дали има некоја позитивно искуство за ин витро во Плодност, ама да не е кај Др. Таше. Некој друг од гинеколозите?
Не сфатив добро. Дали може и со извештај од трансфузиолог како и до сега што рефундираа и дали извештајот се носи на матичен за да даде рецепта со количина колку се препишани клексани. Дали мора наеднаш да се купат?
Се јавив да прашам во комисијата и ми рекоа дека требало да има 6 месеци ко ќе стигнат на разгледување, фактички тоа би дошло да се однесат 10 до 14 дена пред рокот.
Не,само со извештај од гинеколог специјслист.Со тој извештај одиш кај матичната ти пишува рецепта правиш копијс од извештајот и со рецепта и копија од извештај во аптека.
Ова е процедура за тие што веќе се бремени? Дали имаш информација за тие што се во процедура и треба да примаат клексани уште две недели пред трансфер? Од кој треба да имаат извештај?
Колку е сигурна оваа информација? Гиникологот ми вика дека моментално таа нема таква информација и дека не може ништо да ми препише.
Од вчера е одлуката, има официјално известување од фондот. Веројатно матичниот не е во тек. https://fzo.org.mk/sites/default/files/2026-07/dopolnuvanje-na-izvestuvanje.pdf
Девојки, Дали документите за ваучер мора лично да се однесат или може да ги поднесе друг? Дали се уште се поднесуваат во Црвен крст?