Мене матичниот гиниколог не ми дава пошо морало трансфузиолог да ми ја променел дијагнозата. Искрено ептен ја заебаја работава со клексаните.
Женски, ми одбија барање за ваучер за ивф, поради недостаток на документација. Конкретно 2д и 3д кои всушност ги направив кај матичната, но очигледно бараат да е направено на ГАК - одделение за инфертилитет. Втората причина е недостаток на испитан АМХ. Нервоза ме пука на најјако, бидејќи не пишува ниту дека треба да е 2д и 3д на ГАК направено, ниту дека бараат АМХ(ова искрено и мене ми беше сомнително, но си теравме по протокол од сајтот на фондот). Прашањето ми е, дали кога ќе ги имаме овие два документи, ќе може да одиме во фондот и само да ги додадеме во предходната документација, или ќе треба се наново да собираме? Фала и извинете за малку напнатиот пост :/
Јас направив кај матичната 2д и таа не ми напомена дека треба и 3д, мислев дека се средила, па ме вратија за тоа. Направив на приватно 3д и ми одобрија. Го пратив само тој документ. Да не ти е високо ФСХ па што бараат и АМХ? Мене ми одобрија после две недели од прилика после праќањето по пошта на ехото.
Ќе однесеш само што ти фали. А 2д и 3д не мора да се на гак, јас имам 3 пати аплицирано со 3д од приватна болница.
Феминки каде и дали може да се најде интралипидна инфузија? Понеделник треба да ја примам во систина чини околу 15000 ден. Ај да е една во ред но доколку има потреба од повеќе се мислам каде би можело да ја набавам за поефтино. Стварно не се реални со цениве.
Uf, ova me utesi, fala ti mnogu Odnesov i jas od privatna, pa ete, ne ni ja primija. Vo mailot stoi 2d i 3d od GAK...
Исто и мене за вториот ваучер ми пуштија надополнување дека ќе треба 2д и 3д од Гак. Средив на Гак. Многу се фини докторите. Јас бев кај др. Искра завршив работа. Преку термин од матичен гинеколог. Инаку после ги носиш кај мајка Тереза. Е сега мислам дека има промени само на едно место е за документи како да пиша пред некое време членка. Да се распрашаш за да не луташ.
Аман веќе, се откорнавме од пари давање барем нешто да беше со фонд покриено од додатниве мрцварења. Интралипидна инфузија последно што знам во Систина само како да даваа. Десет дена пред траснфер и после трансфер уште две со размак од некоја недела. Ама тоа со доктор отом потом ќе средиш. Ти посакувам успех.
Види матичната ми направи и 2д и 3д,напиша фино лепо извештај, но сега кога ќе размислам, не ни ги стави сликите од ехото во документацијата, и јас си однесов само пишана изјава за 2д и 3д прегледот. Можеби тука е грешката, немам поим... Инаку фсх си е нормално, како и сите други хормони, но имам 40, затоа изгледа ми бараат. Во секој случај, ќе беше фино од нивна страна да ставеа една забелешка дека мора и амх за над 38,39,40 или колку над години и да треба.
А имаше ли направено преглед и однедено 2д и 3д резултат/извештај? Ме интересира пошто ако е валиден резултатот само од ГАК, за тоа треба да има известување од нивна страна, да не си го трошиме времето...
Прифакјаат и од матичната ,мене не ми направија проблем,инаку се поднесува кај мајка тереза само тие испитувања што ти ги побарале заедно со одговорот од фонд што те одбиле,испечати го само.
Сликите обавезно,а за АМХ и документи треба матичната да те води да ти каже што треба да поднесеш и на што да внимаваш при поднесување на документи за да не те вратат
Е треба бе мила... БИ требало, ама не сите се способни очигледно. Што е најинтересно, си вратив филм и ми текна и дека прашав за амх, одговорот беше дека не знае точно, да си го видам списокот на сајтот, тоа што бараат да го приложам... Нема врска, да не си набивам нервоза, бидна. Сега уствари можам само да одам до кај матичната и да ги земам сликите, извештајот секако е веќе однесен во фонд, не мора да вадам упат и да правам на ГАК... И плус амх на приватно да направам...
Само да ти кажам за АМХ ако си од Скопје или кај вас има лабараторија Рамус имаат промоција цената е на 50% намалена од 4000 денари на 2000 денари само да си знаеш да не даваш 4000 денари.
Бидејќи матичната отишла на одмор, понаредната јас одам, а се плашам од "ажурноста" на државна и нивното немање реагенси...
Би требало да прифатат сепак е лиценцирана крвна слика може со упат да се направи значи соработуваат со Фондот.