Ти можеш да испиташ бета, ама сама да прекинеш терапија нема логика. 11 дена е рано за 3 дневен ембрион. Не се за џабе тие 14 дена чекање. Докупи пролутекс, може ќе е позитивно секако ќе се боцкаш барем до 9та недела.
Фала ти! @hannybanny мислата ми беше ако резултатот би бил точен и е позитивен да имам основа на што да барам да ми препишат пролутекс. Проблемот е што не живеам во МК и цела процедура ми е правена во странство, ама баш тој период ќе бидеме во Македонија. Дали може да се купи пролутекс во МК без рецепт, или да барам нов рецепт овде па да си докупам?
Пролутекс не знам дали одат државно. Приватно ги има само може ќе треба да провериш низ повеќе аптеки. Ти посакувам што поскоро позитивен тест.
Пролутекс се купува на приватно, 560 денари е една инекција. Не сум купувала од тука, од Грција,од Србија и од Бугарија е поефтино ама на кутиички се продава (7има внатре), една е околу 45-6 евра во Грција, во Бугарија е најефтин мислам. Ако ти прифали тука можеш и на парче, колку што знам.
Супер штом е така. Мислев дека и за приватно ми треба рецепт или некаква потврда од доктор. Тогаш ќе си докупам неколку да имам до 14 ден, здравје ако ми требаат ќе земам подоцна повеќе. Фала ви на сите за одговорите.
Здраво на сите, Долго време се двоумев дали да ја напишам оваа порака, но желбата да станам мајка е посилна од стравот и срамот. Со сопругот поминавме низ многу тежок период. Кај него беше дијагностицирана азооспермија и му требаше време психички да се справи со тоа. Додека го чекавме и се надевавме дека ќе најдеме решение, за жал, и јас ја изгубив можноста да имам сопствени зрели јајце клетки. Денес единствената шанса да го оствариме нашиот сон е преку двојна донација. За жал, цената на целиот процес е огромна и во моментов не можеме финансиски да си го дозволиме тоа. Најтешко ми е сознанието дека имам толку голема желба да бидам мајка, а единствената пречка е што немаме доволно средства. Затоа сакам да ве прашам, дали има некоја жена во оваа група која би размислила да донира јајце клетки, или можеби знаете некого што би бил подготвен на ваков хуман чин? Секоја информација, совет или контакт би ни значел неизмерно многу. Од срце ви посакувам секоја од вас да го доживее моментот кога ќе го прегрне своето дете. ❤️
Здраво девојки, имам останато кутија со апчиња - витамини. Има 28 апчиња за мажот и 28 апчиња за жената. Донесени од Германија со важност до 04.2027 година. Овие ги нема кај нас… Ги продавам 2000 ден. Доколку ги сака некоја нека ми пише во порака.
❤️ Денес 10 ден после трансфер, грчеви имам сеуште и се си мислам ќе пукне ќе протече хаха .... утре ми е термин за НЕдобивање па со Господ напред. ❤️
Dali nekoj ima zemeno kleksani so recepta? Site razlicno kazuvaat? Dali izvestajot treba da e od transfuziolog ili ginekolog i receptot koj go izdava maticen ginekolog i opst maticen
Девојки некоја во скоро време што правела хистероскопија и вадела септум и правела метропластика во Систина како се движат цените?
Јас само да пријавам негативна бета денес Би сакала да ве прашам тие што сте имале 2 или повеќе негативни трансфери, дали ве упатувале на дополнителни прегледи или продолжувате со нареден трансфер или стимулација? И уште нешто што ме интересира, сите вие што примате клексани после трансфер, ви ги имаат препишано врз основа на некоја дијагноза како тромбофилија и сл. или пак не? Поздрав
Јас до сега се што сум испитала после прво и второ неуспешно ивф сум испитала самоиницијативно според искуства од темава, во Систина ништо не ми предложија. Матичниот само на кариотип ме прати после првото ивф. Третото неуспешно ми беше во Њуборн сега во мај, ама не сум уште појдена на консултации за понатака. Во врска со клексаните мене ми се дадени поради тромбофилија.
Токму заради тоа прашувам, до сега ми немаат предложено дополнителни испитувања а искрено не ми се оди веќе "на слепо" да искористувам залудно замрзнати бластоцисти, па затоа сакам ако можам самоиницијативно да испитам. Ти што имаш испитувано? Инаку сакам да испитам и тромбофилија, мојата сестра ја има и со двете бремености примаше клексани, не сакам да ми е на мисла...
Тромбофилија имам испитано, и за тоа ме прати матичниот после спонтан на природна бременост, пред да почнам со инвитра. Кариотип за двајцата, Ана-антинуклеарни антитела мислам беа, НК клетки, витамин Д...Две хистероскопии... Тироиден панел, антитела...
Здраво! Јас сум нова овде, ме интересира дали некој правел ин витро со присутен хидросалпинг? Ви благодарам
Го санирав хидросалпингот,па потоа правев ивф.Др Тофоски ми рече:Во случај да настане бременост,течноста од јајцеводот може да се излие и да биде фатална за плодот во било кој месец.Го послушав,и не погрешив.