Јас амх имам проверено еднаш во 2022г и ми беше 2.04 на тогаш 35г, одтогаш не сум проверила ама логично е дека се намалува. Првото ивф го правев на 37 год, со мериоферт ми извадија 8 јк од кои само 2 се оплодија. Второто ивф на 38 год исто со мериоферт, 5 извадени јк само 2 оплодени на трет ден ми ги вратија. Третото ивф во друга клиника, на 39 години стимулирана со бемфола и мериоферт, 5 јк , 4 беа оплодени ден после пункција, 5тата следниот ден почна да се развива за на крај да остане само 1 бласто.
Имаше јаки болки? Пошто и јас се спремам за биопсија на ендометриум и читам непријатни искуства по нет.
Јас болни гради и сува уста константно. И мука некоја како смачено да ми беше кога ги ставав последниот пат инекциите. Ама од друга страна се тешев дека целата мака и годините поминати во неизвесност ќе вредат за крајната цел.
Искрено, да. Јаки грчеви. Јас трпам болка, ама ова беше на некое друго ниво. И плус, треба да влезе во матка и од внатре со инструмент, да земе примерок, кај мене не можеше, не се отвараше матката, цела се грчеше. А со анестезија, цела мускулатура опуштена, за две минути завршена работа без никаков проблем.