Здраво девојки, прв пат ќе аплицирам за ваучер за ИВФ и во документите што треба да се поднесат се вели дека треба сите да се оригинали. Јас имам правено 2 операции за вадење на миоми, дали знае некој дали ќе може да поднесам отпусни писма кои се копии верни на оригиналот (заверени на нотар) и дали треба заедно со отпусните писма да се дадат и хистопатолошките наоди или доволно е само отпусните писма. Споделете искуства, многу би ми значело