Не е вратен,прашав до кога е,никој не кажува.Да,не грешам душа,ама се мислам намерно го вадат од работа.Само тој се замараше со препишување на клексани.
Девојки прашање, При поднесување на барање за ИВФ, од комисија ми е вратено со забелешка да се дополни со извештај за ХСГ, јас не схм во мкд во моментов, плус ХСГ не се прави било кој ден, рок за постапување нема, дали знаете колку чекаат при забелешки за дополнување? Дали има некој меил да им пишам...
Рецепт од матичен гинеколог, а извештај за клексани може да добиете и од ГАК. Јас така правев цела бременост, без проблем земав и на рецепта последниот месец
Од приватен не ама на трансфузиологија не е само еден доктор,јас бев кај доктор Кирил,а тој ден имаше и докторка која прегледува.
Дали 2д, 3д ехо мора стриктно од клиника да биде? Пошто матичната ме препраќа на клиника. Има некој во брзо време што поднесол документи со 2д и 3д од приватно?
Мене за двата ваучери 2д 3д ми беше од Систина, немав проблем. Последниот ваучер ми беше пред шест месеци поднесен.
Здраво Не знам дали е за тука прашањето пишав и во " спонтан " со инвитро сум денес нема срцева реакција ( имав преглед и на 24.08 ) инаку имав трансвер на 23.07 на 5 дневен ембрион од инвитро центарот ме упатија на ГАК доктор ме прегледа и ми вели да почекаме до понеделник а инвитро докторот ми рече денес да прекинеш со терапија примав двапати на ден циклогест и еден клексан0.4 во 20 часот прв пат се соочувам со вакво нешто не знам што да правам дали ќе ми биде нешто до понеделник цела сум избезумена
Да да,отворено му кажав примам веќе скоро два месеца клексан поради инвитро бременост и одма ми пиша извештај.
Од ГАК ти рекоа во понеделник пак да одиш, а ивф докторот ти рече да прекинеш терапија? А се виде тоа сакус и жочно ќесе што го викаат?